Игор Ангелов
Игор Ангелов (роден на 1 октомври 1977 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Игор Ангелов | ||
Роден | 1 октомври 1977 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: 5+ фамилија Златна петорка Преспав Година на мајмунот Јужен ветар Трето полувреме Тврдокорни | |
Занимање | глумец |
Животопис
уредиИгор Ангелов е роден на 1 октомври 1977 година во Скопје. Високото образование го завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломиран на одделот Драмски глумци. По дипломирањето работел во Прилепскиот народен театар,[1] а денес работи во Драмскиот театар во Скопје. Во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти. Остварил учество и на повеќе фестивали, меѓу кои „Млад отворен театар“, „Војдан Чернодрински“, „Денови на комедија“, „Ристо Шишков“ и „Охридско лето“ во Македонија, „Cividale del Friulli“ во Италија, „Grlimo se morem“ во Хрватска, „ТЕСТ“ во Босна и Херцеговина, „САПАС“ во Бугарија, како и на Деновите на македонската култура во САД и Австралија. Добитник е на наградите за најдобар млад глумец (2001) и најдобра машка споередна улога (2007) на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински.
Театрографија
уреди- „Враќањето на црниот витез“ – режија К. Ристевски – МНТ – Скопје;
- „Comedia de la Vanita“ - R. Kacca – Cividale del Friuli – Италија;
- „Семејни гласови“ – Д. Дамјановски – НТ – Прилеп;
- „Летни Силјане“ – Љ. Ѓоргиевски – НТ – Прилеп;
- „Хроника за една најавена смрт“ – В. Светозарев – Скопје;
- „Змејот“ – А. Ивановски – НТ Велес;
- „Синдром Чернодрински“ – Д. Дамјановски – No Name Theatre – Скопје;
- „Макбет“ – К. Ангеловски – НТ Прилеп;
- „Грев или шприцер“ – Д. Станкоски – НТ Прилеп;
- „Волшебниот коњ„ – Д. Довлев – ДТЦ – Скопје;
- „Рибарски караници“ – К. Ангеловски – НТ – Прилеп;
- „Стјуардеси“ – К. Ристевски – НТ – Прилеп;
- „Џиновското тркало“ – Д. Довлев – НТ Прилеп;
- „Сатирикон“ – К. Петрески – НТ Прилеп;
- „Баладата за големиот костур“ – В. Милчин – НТ – Прилеп;
- „Bathale Roma“ – Р. Бурхан – МОТ – Скопје;
- „Татко“ – Д. Станковски – НТ Прилеп;
- „Патот за Парамарибу“ – В. Џолева – Скопско лето – Скопје;
- „Црнила“ – В. Џолева – Скопско лето – Скопје;
- „Чалик Чомак“ – Ј. Бојаџи – НТ – Прилеп;
- „Волшебната куќа“ – Д. Довлев – ДТЦ – Скопје;
- „Новогодишна трилогија“ – Д. Дамјановски – Универзална сала Скопје;
- „Четвртата сестра“ – К. Петрески – НТ Прилеп;
- „Проклетството на изгладнетата класа“ – Н. Ристов – НТ Велес;
- „Да се заборави Херострат“ – З. Бузалковска – НТ Велес;
- „Мара/Сад“ – Васил Христов – МНТ – Скопје;
- „Дундо Марое“ – Драгана Попов – МНТ – Скопје;
- „Троил и Кресида“ – Љубиша Ристич – МНТ – Скопје;
- „Лет во три глави“ – Никола Ристов – МНТ – Скопје;
- „Фигаро се разведува“ – Куштрим Бектеши – МНТ Скопје;
- „Госпоѓа Министерка“ – Наташа Поплавска – МНТ Скопје;
- „Последните Македонци“ – Сашо Миленковски – Драмски театар Скопје;
- „Ангели во Америка“ – Џаред Стајн – Драмски театар Скопје;
- „Хамлет“ – Дејан Пројковски – Драмски театар Скопје;
- „Брод за кукли“ – Нела Витошевич – независен проект.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1999 | Во светот на бајките ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2004 | Големата вода ТВ-филм | |
2010 | Како да ме нема ТВ-филм | |
2011 | Ова е американски филм ТВ-филм | |
2011 | Епизодист ТВ-филм | |
2012 | Скопје ремикс | |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Африка |
2012 | Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава ТВ-филм | Петер |
2012 | Минатото лето на Балканот ТВ-серија | Командирот |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2014 | Аудиција ТВ-филм | Таткото |
2014 | Жици ТВ-филм | Бојан |
2015-2022 | 5+ фамилија ТВ-серија | Цветко |
2015 | Медена ноќ ТВ-филм | Андон |
2015 | Лазар ТВ-филм | Добре |
2016 | Златна петорка ТВ-филм | Џиџи |
2016 | Ечлаир ТВ-филм | Томе |
2016 | Ослободување на Скопје ТВ-филм | Беким |
2016-2023 | Преспав ТВ-филм | Коста |
2017 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Постар полицаец |
2017 | Исцелител ТВ-филм | |
2017 | Човекот кој не беше таму ТВ-филм | |
2017 | Види ја ти неа ТВ-филм | Попот |
2017 | Слобода или смрт ТВ-филм | |
2018 | Среќна приказна ТВ-филм | |
2018 | Година на мајмунот ТВ-филм | Цобе |
2018 | Мишко ТВ-филм | Стево |
2018 | Љубовникот ТВ-филм | |
2018 | Јужен ветар ТВ-филм | Васил |
2018 | Еј ТВ-филм | |
2020 | Зоки Поки ТВ-серија | Ѕвездан |
2020 | Јужен ветер ТВ-серија | Васил |
2020 | Хомо ТВ-филм | Христо |
2020 | Вклучени филмови ТВ-филм | |
2021 | Јужен ветар 2 ТВ-филм | Цариник |
2022 | Во срцето на машината ТВ-филм | |
2022 | Моето име е Горан Стефановски ТВ-филм | |
2022 | Тајниот изум ТВ-филм | Цветко |
2022 | Со река на срцето ТВ-серија | |
2022-2023 | Јужен ветер ТВ-серија | Цариник |
2023 | Скриптата ТВ-филм |
Награди
уреди- Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински - 2001;
- Најдобра машка споредна улога на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински - 2007.
Наводи
уреди- ↑ М. Бундалевска, Александра (28 ноември 2014). „Ангелов: Децата имаат потреба од гусарски приказни (интервју со Игор Ангелов)“. Република.