Глигор Чемерски
Глигор Чемерски (Кавадарци, 1940 - Скопје, 2 април 2016) — македонски сликар и вајар. Негов син е Огнен Чемерски, познат преведувач и лектор.
Глигор Чемерски | ||
Роден | 1940 (Кавадарци, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 2 април 2016 Скопје, Македонија | |
Занимање | сликар и вајар |
Животопис
уредиТворештво
уредиЧемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони.[1] Неговот творештво е богато: тој ги изработил мозаиците во Стопанска банка (1971) и на Споменикот на слободата во Кочани (1981).
Чемерски го напаѓа секое платно како мечувалец, он го боде со заглушувачки удари сè додека ликовите и облиците не се изнедрат под валкањето на четката
— Ентони Ф. Јенсен, 1998
Чемерски имал бројни самостојни изложби во Македонија и во странство. Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на творештвото на Чемерски.[2] Починал во Скопје на 2 април 2016 година.[3]
Галерија на уметнички дела
уреди-
„Витезот и змијата“ (1998)
-
„Гнездо III“ (2003)
-
„Даниел и лавовите I“ (2007)
-
„Моја антика II“ (2008)
-
„Напад“ (2003)
-
„Св. Ѓорѓи и ламјата“ (2008)
-
„Оплакување IV“ (1995)
-
„Иконична глава I“ (1982)
-
Дело на Глигор Чемерски на изложба
-
Дело на Глигор Чемерски на изложба
Наводи
уреди- ↑ Кртов, Александар. „Глигор Чемерски - Животопис“. Грал. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 2010-09-29.
- ↑ „Чемерски излага во Москва“, Дневник, година XVIII, број 5638, среда, 10 декември 2014, стр. 20.
- ↑ „Утринава почина Глигор Чемерски“. Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 2016-04-02.
Надворешни врски
уреди- Животопис на Чемерски[мртва врска]
- Глигор Чемерски (биографија + галерија) Архивирано на 29 април 2012 г.