<< февруари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29
2024

6 февруари — 37-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 328 денови до крајот на годината (329 во престапна).

Настани:

1899  На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1922  Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
1943  Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945  Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.
1992  Република Турција ја призна Република Македонија.

Родени:

1685  Чарлс II — крал на Англија.
1802  Чарлс Витстоун — англиски физичар, еден од пионерите на телеграфијата.
1895  Бејб Рут — американски играч на безбол.
1908  Ташо Ајановски — македонски деец.
1912  Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер.
1917  За За Габор — американска глумица со унгарско потекло.
1911  Роналд Реган — американски политичар и државник.
1932  Франсоа Трифо — француски филмски режисер.
1931  Анѓелко Вулетиќ — хрватски и босански поет.
1945  Боб Марли — јамајски реге-пејач.
1950  Натали Коул — американска пејачка.
1953  Зоран Филиповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1956  Стефан Мицов — универзитетски професор и писател од Бугарија.
1962  Аксел Роуз — американски рок-пејач, член на групата Ганс енд розис.
1964  Андреј Звјагинцев — руски режисер.
1990  Татјана Хмирова — руска ракометарка.
1995  Леон Горецка — германски фудбалер.
2000  Конор Галагер — англиски фудбалер.

Починале:

893  Фотиј I — цариградски патријарх.
1664  Мустафа IIотомански султан.
1740  Климент XII — римски папа.
1793  Ланселот „Кејпабилити“ Браунанглиски пејзажен архитект.
1793  Карло Голдонииталијански комедиограф.
1804  Џозеф Пристли — англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар.
1893  Григор Прличев — македонски писател.
1902  Васил К’нчовгеограф, историчар и политичар од Бугарија.
1918  Густав Климт — австриски сликар.
1952  Џорџ VI — британски крал.
1981  Фредерика — кралица на Грција.
1998  Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач.
2011  Гари Мур — северноирски рок-гитарист.
2016  Данило Николиќ — српски писател.

Празници:

Ден на Договорот од Ваитанги — државотворен празник на Нов Зеланд.