Ана Стојановска

македонска глумица

Ана Стојановска (Скопје, 29 јули 1988) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Ана Стојановска
Родена 29 јули 1988
Скопје
Националност Македонка
Занимање глумица
Татко Ненад Стојановски
Мајка Силвија Стојановска
Роднини Јана Стојановска (сестра)
Ацо Јовановски (дедо)

ЖивотописУреди

Ана Стојановска е родена на 29 јули 1988 година во Скопје како ќерка на македонските глумци Силвија и Ненад Стојановски. Нејзина постара сестра е глумицата Јана Стојановска. По мајка е внука на познатиот македонски глумец Ацо Јовановски. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра во класата на Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2010 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2013 година.[1]

ТеатрографијаУреди

  • Вампирката — „Дракула“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2008;
  • Грејс Станер — „Гнев“ од Стивен Кинг, р. Зоја Бузалковска, Факултет за драмски уметности - дипломска претстава, 2010;
  • Слугинката — „Вртелешка“ од Артур Шницлер, р. Оливер Мицевски, Продукција ХИ-ФИ;
  • Беба — „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, Драмски театар - Скопје, 2011;
  • Етјен — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
  • Хела — „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, р. Иван Поповски, МНТ, 2015;
  • Ени, Кити — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015;
  • Клајковица, Чуле — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
  • Глумицата — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017;
  • Мари-Терез Валтер — „Госпоѓиците од Авињон“ од Сашо Димовски, р. Ненад Витанов, МНТ, 2018;
  • Катја, слугинка — „Еден месец на село“ од Иван Сергеевич Тургењев, р. Паоло Маџели, МНТ, 2018;
  • Вештерка 2 — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019.

ФилмографијаУреди

Година Филм Улога
2007 Превртено ТВ-филм Првата девојка
2009 Бунило ТВ-филм Ена
2010 Од денес за утре ТВ-серија Калина
2010 Мајки ТВ-филм Ана
2012 Вера, љубов и виски ТВ-филм Нели
2012 Скопје Ремикс ТВ-филм Ана
2012 Ефект Пепелашка ТВ-филм Парти Геор
2013 Само кажувам ТВ-филм Александра Ивановска
2013 Тврдокорни ТВ-серија Учителката Василка
2013 Материјал за аудиција ТВ-филм Лина
2015 Збор ТВ-филм Нана
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Преведувач во кафеана
2017 Без љубов ТВ-филм
2017 Инсајдер ТВ-серија Антонија
2018 Сонуваат за крв и душа ТВ-филм Пандора
2019 Ефектот на Среќа ТВ-филм Ана
2019 Преспав ТВ-серија Хелена
2020 Глас на светлината ТВ-филм Касиа
2020-2021 Црномурески ТВ-серија
2022 Кајмак ТВ-филм Виолетка

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди