Димче Мешковски
Димче Мешковски (роден на 31 октомври 1945 во Скопје - 21 март 2023 во Лос Анџелес) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.
Димче Мешковски | ||
![]() | ||
Роден | 31 октомври 1945 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 21 март 2023 Лос Анџелес | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Хихирику Викенд на мртовци Македонски народни приказни Солунски патрдии Балкан бенд Среќна нова '49 Големи и мали Трето полувреме Учителот Трст виа Скопје | |
Занимање | глумец | |
Деца | Наташа Мешковска |
ЖивотописУреди
Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.[1] Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.
ТворештвоУреди
Матична сцена на Мешковски била Драмски театар - Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.[2]
ФилмографијаУреди
Филмографија на глумецот Димче Мешковски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1960.-те▲ | |||
1967. | Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија | ||
1969. | Републиката во пламен ТВ-филм | ||
1970.-те▲ | |||
1971. | Македонски дел од пеколот ТВ-филм | ||
1973. | ТВ ребус ТВ мини серија | / | |
1973. | Смилевскиот конгрес ТВ филм | Никола Петров Русински | |
1973. | Колнати сме, Ирина ТВ-филм | ||
1973. | Новогодишен карусел ТВ-филм | ||
1975 1976. | Патот кон иднината ТВ серија | / | |
1976. | Најдолгиот пат ТВ-филм | ||
1977. | Итар Пејо ТВ серија | / | |
1977. | Големата соба ТВ филм | Венко | |
1977. | Дождовито сонце ТВ филм | / | |
1978. | Сеќерна приказна ТВ-филм | ||
1979. | Наши години ТВ серија | Јане | |
1979. | Хихирику Радио-емисија | ||
1979. | Жена од малтер ТВ филм | / | |
1980.-те▲ | |||
1980. | Учителот ТВ филм | / | |
1981. | Црвениот коњ ТВ-филм | ||
1981. | Булки крај шините ТВ серија | / | |
1982. | Црвено, жолто, зелено ТВ серија | / | |
1982. | Илинден ТВ серија | / | |
1982. | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | ||
1983. | Виновник Краток филм | / | |
1983. | Ликвидатор ТВ-филм | ||
1984. | Камчевци ТВ-серија | ||
1984. | Хихирику - 5 години ТВ филм | / | |
1984. | Диво месо ТВ филм | Сивиќ | |
1985. | На наш начин ТВ серија | / | |
1985. | Од зад грб ТВ-филм | ||
1986. | Солунски патрдии ТВ серија | Секула | |
1986-1990. | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
1986. | Среќна нова '49 ТВ-филм | ||
1987. | Училиште за кловнови ТВ серија | / | |
1987. | Театарче лево ќоше ТВ-филм | / | |
1988. | Чук Чук Стојанче ТВ-серија | ||
1988. | Викенд на мртовци ТВ-серија | Тасе Стопарески | |
1989-1992. | Еурека ТВ-серија | ||
1989-1992. | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1990.-те▲ | |||
1990. | Алф од Ново Лисиче ТВ-серија | ||
1990. | Викенд на мртовци ТВ-филм | Тасе | |
1990-1991. | Трст виа Скопје ТВ серија | Инспекторот | |
1990-1994. | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1991. | Македонија може ТВ серија | / | |
1991. | Болва в' уво ТВ филм | / | |
1991. | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | ||
1991. | Женски оркестар ТВ-филм | ||
1991. | Во име на законот ТВ-серија | ||
1992. | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | ||
1992. | Чудовишта во нашиот град ТВ серија | / | |
1993. | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | ||
1993. | Црно бело во боја ТВ-филм | / | |
1994. | Пред дождот ТВ-филм | ||
1994. | Прекалени ТВ-серија | ||
1995. | Во светот на бајките ТВ серија | / | |
1995-2000. | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
1996-2000. | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1997. | Калигула ТВ филм | / | |
1997. | Вујко Вања ТВ-филм | Серебрјаков | |
1999. | Време, живот ТВ-филм | ||
1999. | Хихирику ТВ филм | / | |
2000.-те▲ | |||
2000. | Големи и мали ТВ серија | Судијата | |
2000. | Глас Кратки филм | / | |
2000 2001. | Погрешно време ТВ серија | Мешко / Полицаец | |
2000-2001. | Светот има осум страни ТВ-серија | Советникот | |
2000-2003. | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
2001. | Агенција осамени срца ТВ серија | / | |
2002. | Глужд во времето ТВ-филм | ||
2003. | Лото, лото ТВ-серија | ||
2004. | Хихирику ТВ филм | / | |
2007-2010 | Народни Приказни ТВ-серија | ||
2008. | Кукен совет ТВ-филм | ||
2009. | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | Матичарот | |
2009. | Балкан бенд ТВ серија | Маца | |
2010.-те▲ | |||
2010. | Мајки ТВ-филм | ||
2010-2011. | Македонски народни приказни ТВ серија | / | |
2011-2012. | Македонски стари приказни ТВ серија | / | |
2011-2013. | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
2012. | Трето полувреме ТВ-филм | Хоусе Оwнер | |
2014. | До балчак ТВ-филм | ||
2020.-те | |||
2021-2023. | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2022-2023. | Бистра вода ТВ-серија |
НаградиУреди
- Награда за најдобра машка улога (за ликот на Секула) во претставата „Солунски патрдии“, во режија на Коле Ангеловски (1979)
- Награда Војдан Чернодрински за претставата Викенд на мртовци во режија на Коле Ангеловски (1985)
- Награда за најпопуларно ТВ лице според анкетата на „Екран“ (1988)
- Награда за претставата „Болва во уво“ за најдобра машка улога (1991)
- Награда „13-ноември“
- Награда „Ристо Шишков“
- Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Димче Мешковски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)