Добрила Пуцкова (родена на 6 јуни 1926 во Куманово - починала на 23 февруари 2007 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1]

Добрила Пуцкова
Родена 6 јуни 1926
Куманово, Кралство СХС
Починала 23 февруари 2007(2007-02-23) (возр. 80)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогата во:
Волчја ноќ
Ангели на отпад

Време, живот
Занимање глумица

Животопис уреди

Добрила Пуцкова е родена на 6 јуни 1926 во Куманово, каде го завршила своето образование. По положената аудиција влегла во првиот состав на Драмата на Македонскиот народен театар во 1945 година, во кој останала во текот на целиот работен век, односно до пензионирањето во 1982 година.

Во 2002 година добила награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп[2]. Починала на 23 февруари 2007 во Скопје.

Театарски улоги (избрана театрографија) уреди

  • Валја (Платон Кречет, 1945);
  • Вера (Некаде во Москва, 1947);
  • Феба (Како што милувате, 1948);
  • Васка (Задруга, 1950);
  • Анжелика (Вообразен болен, 1952);
  • Дездемона (Отело, 1954);
  • Сестра Анжелика Глембај (Господа Глембаеви, 1955);
  • Магдалена (Домот на Бернарда Алба, 1956);
  • Коштана (Коштана, 1956);
  • Госпоѓа Линде (Нора, 1957);
  • Неда (Црнила, 1961);
  • Ана Копецка, крчмарка кај криглата (Швејк во Втората светска војна, 1963);
  • Дара (Госпоѓа министерка, 1965);
  • Бранка (Матурска вечер, 1966);
  • Кејт Пар (Хенри VIII и неговите шест жени, 1967);
  • Гаиса Илинишина Шелавина (Без вина виновни, 1968);
  • Клитемнестра (Електра, 1970);
  • Прасковја Дроздова (Бесови, 1978).

Филмографија уреди

Наводи уреди

  1. Stefanovski, Risto (1998). Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija. Direkcija za kultura i umetnost.
  2. „37. издание на „Војдан Чернодрински". А1. 7 јуни 2002. Посетено на 2011-01-08.

Надворешни врски уреди