Сашка Димитровска

Сашка Димитровска (Скопје, 9 јули 1978) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Сашка Димитровска
Роден 9 јули 1978(1978-07-09)(46 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумица

Животопис

уреди

Сашка Димитровска е родена на 9 јули 1978 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорот Владимир Милчин во 2001 година. Таа е вработена во Македонскиот народен театар од 2006 година.[1]

Театрографија

уреди
  • „Комедија на суетата“ од Елијас Канети, Миталфест Чивидале - Италија, 1998;
  • „Астерикс и Обеликс“, детска претстава, 1989;
  • „Случајот ДХ“ од Даниел Хармс, р. Владимир Милчин, Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 2000;
  • „Елешник“ од Југослав Петровски, р. Димитар Станковски, Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес, 2000;
  • „Земјомерот“ од Николај Кољада, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје, 20000;
  • „Синдром Чернодрински“ од Горан Стефановски, р. Деан Дамјановски, Универзална сала - Скопје, 2001;
  • „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 2001;
  • Солвејг — „Пер Гинт“ од Хенрих Ибзен, р. Златко Славенски, МНТ, 2001;
  • Цвета, Едис — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001;
  • Лизавета Николаевна — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001;
  • „Новогодишна трилогиjа“ од Биљана Србњановиќ, р. Деан Дамјановски, Универзална сала - Скопје, 2004;
  • Маша — „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 2004;
  • Адела — „Домот на Бернарда Алба“ од Федерико Гарсија Лорка, р. Горчин Стојановиќ, Драмски театар - Скопје, 2004;
  • Хор — „Копидона“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, Драмски театар - Скопје, 2005;
  • Матурина — „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје, 2005;
  • „Последниот маж, последната жена“ од Јордан Плевнеш, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 2005;
  • Анриета — „Една вечер со...“ од Жан Батист Поклен Молиер, р. Деан Дамјановски, МНТ, 2006;
  • „Безимениот“ според „Електра“ од Софокле, р. Елени Боза, МНТ, 2006;
  • „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006;
  • Кралиците — „Кралот Иби“ од Алфред Жари, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2007;
  • Дуњашка — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2010;
  • Даша Шатова — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
  • Грофицата — „Свадбата на Фигаро“ од Пјер Бомарше, р. Леван Цуладзе, МНТ, 2011;
  • Медлен Бежар, глумица на де Молиер — „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, р. Александар Поповски, МНТ, 2012;
  • Мајката Тила — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
  • Јелена Андреевна — „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 2015;
  • Донка — „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ - Полска, 2016;
  • Славица — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017;
  • Наталија Петровна — „Еден месец на село“ од Иван Сергеевич Тургењев, р. Паоло Маџели, МНТ, 2018;
  • Полина Андреевна — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Нина Николиќ, МНТ, 2018;
  • Лилјана — „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2019.

Филмографија

уреди
Телевизиски серии
Детски серии

Награди

уреди
  • Награда за најдобра главна женска улога, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за улогата на Милка во претставата „Елешник“, 2000;
  • Награда за најдобар млад глумец, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за улогата во претставата „Синдром Чернодрински“, 2002.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди