1 март
датум
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
1 март — 60-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (61-и во престапна година). Остануваат 305 денови до крајот на годината.
Настани:
1913 | Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат. |
1917 | Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит“ |
1992 | Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ. |
1994 | Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1997 | Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година). |
Родени:
1810 | Фредерик Шопен — полски композитор и пијанист, наречен „поет на клавирот“. |
1886 | Оскар Кокошка — австриски сликар. |
1899 | Димитар Пандилов — прв македонски импресионистички сликар. |
1904 | Глен Милер — американски музичар, продуцент и композитор. |
1921 | Благоја Корубин — македонски јазичар. |
1927 | Хари Белафонте — американски глумец и пејач. |
1928 | Жак Ривет — француски режисер. |
1929 | Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка. |
1933 | Шпиро Губерина — хрватски глумец. |
1944 | Роџер Далтри — англиски рок-пејач, член на групата „Ху“. |
1958 | Ник Кершо — англиски поп-музичар. |
1973 | Крис Вебер — американски кошаркар. |
1983 | Станка Златева — бугарска борачка. |
1989 | Карлос Вела — мексикански фудбалер. |
1993 | Хуан Бернат — шпански фудбалер. |
1994 | Давид Бабунски — македонски фудбалер. |
1994 | Џастин Бибер — канадски поп-пејач и глумец. |
2001 | Агон Елези — македонски фудбалер. |
Починале:
1643 | Џироламо Фрескобалди — италијански оргулар и композитор, најголем мајстор на органа во своето време. |
1911 | Јакоб Хенрик вант Хоф — холандски хемичар, добитник на Нобеловата награда за хемија (1901). |
1952 | Грегори Ла Кава — американски филмски режисер. |
1971 | Франтишек Хрубин — чешки писател. |
1980 | Дикси Дин — англиски фудбалер. |
2021 | Златко Крањчар — хрватски фудбалер. |
2023 | Жист Фонтен — француски фудбалер. |
2024 | Акира Торијама — јапонски автор на манга стрипови. |
Празници:
* | Летник — македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици. |