Емил Рубен (Скопје, 17 јули 1948) — македонски филмски и театарски глумец.

Емил Рубен
Роден 17 јули 1948(1948-07-17)(76 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Истрел
Збогум на 20-тиот век
Контакт
Трето полувреме
Големата вода
Бал-кан-кан
Занимање глумец

Животопис

уреди

Емил Рубен се школувал во Скопје и во Загреб, а во 1971 година дипломирал на Академијата за филм и театар во Загреб. Истата година се вработил во МНТ. Во 2001 година ја добил наградата „13 Ноември“.[1][2]

Филмска кариера

уреди

Својата филмска кариера Рубен ја започнал како дете. Во 1954 година, на шестгодишна возраст, бил избран да ја игра улогата на Жарко во филмот „Тие двајцата“ на Жорж Скригин кој бил премиерно прикажан во 1955 година. Две години подоцна снимила два филма во кои ги играл главните улоги: „Малиот човек“ (1957) на Жика Чукулиќ и краткометражниот филм „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли.[1][2]

Филмографија

уреди
  • 1955: Тие двајца (споредна улога)
  • 1957: Малиот човек (главна улога)
  • 1957: Бунт на куклите (главна улога)
  • 1959: Ветрот престана пред зори (споредна улога)
  • 1960: Ден четринаесети (споредна улога)
  • 1960: Партизанска приказна (главна улога)
  • 1972: Пријатели (споредна улога)
  • 1972: Истрел (главна улога)
  • 1979: Наши години (главна улога)
  • 1981: Булки крај шините (споредна улога)
  • 1982: Црвено, жолто, зелено (главна улога)
  • 1982: Едно лето (главна улога)
  • 1983: Јавачи на бура (споредна улога)
  • 1985: На наш начин (споредна улога)
  • 1985: Јазол (главна улога)
  • 1988: Марика лета со авион (главна улога)
  • 1998: Збогум на 20. век (главна улога)
  • 2000: Глас (Глумец)
  • 2000: Писмо (Глумец)
  • 2002: Наше маало (главна улога)
  • 2003: Едно од лицата на смртта (Глумец)
  • 2003: Седум приказни за љубовта и свршувањето (Глумец)
  • 2004: Како убив светец (споредна улога)
  • 2004: Големата вода (споредна улога)
  • 2005: Бал-кан-кан (главна улога)
  • 2005: Контакт (главна улога)
  • 2005: Остани исправен (споредна улога)
  • 2008: Убави (главна улога)
  • 2011: Луѓе без земја (главна улога)
  • 2012: Трето полувреме (главна улога)
  • 2013: Изгубени Германци (главна улога)
  • 2013: Балканот не е мртов (главна улога)
  • 2014: Ул. Шехспир 9/1 (главна улога)
  • 2015: Лазар (споредна улога)
  • 2017: Македонија (главна улога)
  • 2018: Еј (главна улога)

Театарска кариера

уреди

Првата театарска улога ја остварил во 1960 година, кога гостувал во претставата „Колибата на чичко Том“, изведена од учениците на старата Учителската школа. Професионалниот театарски ангажман го почнал во сезоната 1966/67, играјќи во претставата „Случајот во Виши“ во режија на Димитар Ќостаров, а во изведба на МНТ.[1][2]

Награди и признанија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Рубен Емил“. Кинотека на Македонија.
  2. 2,0 2,1 2,2 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.