17 мај
датум
Предлошка:Мај 2021 17 мај — 137-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (138-и во престапна година). Остануваат 228 денови до крајот на годината.
Настани:
1973 | Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата „Вотергејт“, во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон. |
1994 | Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори. |
1994 | Во Скопје е отворен првиот Меѓународен саем на книги и либрографика. |
Родени:
1749 | Едвард Џенер — пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. |
1866 | Ерик Сати — француски пијанист и композитор. |
1836 | Вилхелм Штајниц — австриски шахист. |
1873 | Анри Барбис — француски писател. |
1886 | Алфонсо XIII — шпански крал. |
1904 | Жан Габен — француски филмски и театарски глумец. |
1906 | Зинка Миланов — американска оперска пејачка. |
1924 | Митко Илиевски — професор на Филозофски факултет во Скопје. |
1929 | Бранко Зебец — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1931 | Георги Христов — македонски писател од Бугарија. |
1939 | Александар Смилевски — македонски архитект. |
1940 | Рејнатo Пуно — врховен судија на Филипините. |
1947 | Никола Донев — југословенски и македонски одбојкар. |
1939 | Данчо Чеврески — македонски глумец и универзитетски професор. |
1951 | Иван Каталиниќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1955 | Бранко Скроче — југословенски и хрватски кошаркар. |
1962 | Неждет Мустафа — македонски политичар. |
1965 | Трент Резнор — американски музичар, член на групата „Најн Инч Неилс“ (Nine Inch Nails). |
1969 | Кристина Николовска — македонски поет. |
1974 | Тамара Рохо — шпанска балерина. |
1980 | Фредрик Кесијакоф — шведски велосипедист. |
1982 | Тони Паркер — француски кошаркар. |
1984 | Игор Денисов — руски фудбалер. |
1985 | Грег ван Авермет — белгиски велосипедист. |
1987 | Едвалд Боасон Хаген — норвешки велосипедист. |
1990 | Сони Колбрели — италијански велосипедист. |
1990 | Дарио Бенедето — аргентински фудбалер. |
Починале:
1727 | Катерина I — царица на Русија. |
1395 | Крале Марко — македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво. |
1886 | Џон Дир — американскиот инженер. |
1905 | Ламбринос Вранас — андартски капетан. |
1984 | Ирвин Шо — американски раскажувач и драмски писател. |
1985 | Нешо Марковски — македонски новинар. |
1987 | Гунар Мирдал — шведски економист, добитник на Нобеловата награда во 1974 година. |
2002 | Ладислав Кубала — унгарски фудбалер |
2017 | Тодор Веселиновиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |