Калина Наумовска

Калина Наумовска (родена на 28 септември 1974 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Калина Наумовска
Родена 28 септември 1974(1974-09-28)(49 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимање глумица

Животопис уреди

Калина Наумовска димпломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 1999 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје. Од тогаш, таа остварила бројни главни и споредни улоги во претстави во матичниот театар, но и во други установи од оваа област.

Театарски претстави уреди

  • Комита и Поротник - Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС
  • Г-дин Сивиќ - Диво месо, р. Александар Поповски, ДТС
  • Јулија - Ромео и Јулија, р. Наташа Поплавска, Струмички Театар
  • Амелија - Домот на Бернанда Алба, р. Горчин Стојановиќ, ДТС
  • Калуѓерка – Дон Жуан, р. Александар Поповски, ДТС
  • Курвата – Купидона, р. Срѓан Јаниќиевиќ, ДТС
  • Pip show girl – Едмонд, р. Наташа Поплавска и Синиша Ефтимов, МНТ
  • Господин Кафеав – Касапски Кучиња, р. Бојан Трифуновски, ДТС
  • Благородна – Ладало, р. Коле Ангеловски, ДТС
  • Ивана – Комшилук наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС
  • Бунтовничката – Бетмен, р. Кристијан Ристевски, МНТ
  • Милена - Екстази, р. Кристијан Ристевски, МНТ
  • Г-ѓа Фонтен – Цензор, р. Срѓан Јаниќиевиќ, МКЦ
  • Наркоманката - Жив чоек, р. Деан Дамјановски, ДТС
  • Пчелка - Како се станува цар, р. Зоја Буазлковска, ДТС
  • Арапка - Мефисто, р. Коле Ангеловски, ДТС
  • Бурјана – Стјуардеси, р. Коле Ангеловски, АРМ
  • Слугинка - Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, р. Коле Ангеловски, ДТС
  • Сите лица на Петре М. Андреевски, р. Владо Цветановски, ДТС
  • Гери - Shopping and fucking, р. Срѓан Јаниќиевиќ, МНТ
  • Студентот – МКС – МНТ, р. Сашо Миленковски, МНТ
  • Генералот – Македонски Фауст, р. Сашо Миленковски, Бабилон – Охридско лето
  • Филимена – Венко, р. Благоја Ристески Платнар, МНТ
  • Ферхад и Ширин, р. Ертел Јуџел, ДТС

Филмографија уреди

Наумовска ги остварила филмските улоги:[1]

Наводи уреди

  1. „Kalina Naumovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски уреди