Предлошка:Април 2024 4 април — 94-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (95-и во престапна година). Остануваат 271 денови до крајот на годината.

Настани:

1905  Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи.
1945  Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски.
1945  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949  Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968  Борецот за правата на американците со африканско потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД.
1969  Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена.
1973  Во Њујорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11 септември 2001 г.
1975  Основан „Мајкрософт“ (Microsoft) од Бил Гејтс и Пол Ален.
1994  Марк Андерсен и Џим Кларк го основале „Netscape“.

Родени:

186  Каракаларимски цар (п. 217).
1640  Гаспар Санз — шпански композитор.
1846  Лотреамон — француски поет.
1884  Исороку Јамамото — воен адмирал, јапонски поморски командант (п. 1943).
1913  Мади Вотерс — американски блуз-музичар.
1914  Маргарит Дирас — француска писателка, сценаристка и режисерка.
1927  Томе Момировски — македонски писател.
1932  Антони Перкинс — американски глумец († 1992).
1932  Андреј Тарковски — руски режисер и сценарист (п. 1986).
1937  Лајош Портиш — унгарски шахист.
1941  Петар Краљ — српски и југословенски глумец.
1943  Мирсад Фазлагиќ — босански и југословенски фудбалер.
1947  Салваторе Шарино — италијански композитор.
1948  Бери Оуклиамерикански блуз-музичар.
1952  Гари Мур — северноирски рок-гитарист.
1963  Бени Грин — американски џез-музичар.
1964  Бранко — бразилски фудбалер.
1964  Аким Селмани — поранешен член на ОНА.
1972  Марко Живиќ — српски глумец.
1976  Емерсон Фереира — бразилски фудбалер.
1979  Хит Леџер — австралиски глумец (п. 2008).
1985  Руди Фернандес — шпански кошаркар.
1987  Сами Кедира — германски фудбалер.
1988  Барбара Лазовиќ — словенечка ракометарка.
1993  Френк Камински — американски кошаркар.
2003  Харви Елиот — англиски фудбалер.

Починале:

Мартин Лутер Кинг со претседателот Линдон Џонсон во 1966 г.
Мартин Лутер Кинг со претседателот Линдон Џонсон во 1966 г.
1617  Џон Непер — шкотски математичар (р. 1550).
1929  Карл Бенц — германски автоконструктор, пронаоѓач и инженер (р. 1844).
1931  Андре Мишлен — француски индустријалец, производител на автомобилски гуми (р. 1853).
1968  Мартин Лутер Кинг — американски борец за граѓански права и мир (р. 1929).
1983  Бернард Вукас — хрватски и југословенски фудбалер.
1988  Славјанка Влахчева — прва современа медицинска сестра во Македонија.