27 февруари
датум
27 февруари — 58-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 307 денови до крајот на годината (308 во престапна).
Настани:
1844 | Доминиканската Република стекнала независност од Хаити |
1900 | Основан е ФК Баерн Минхен |
1900 | Основана е британската Лабуристичка партија |
1908 | Во Битола е основано работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците. |
1921 | Во Виена е основана Втората и пол интернационала. |
1933 | Запалена е зградата на Рајхстагот во Берлин. |
1967 | Доминика добила независност од Британија. |
1976 | Револуционерното движење „Полисарио“ ја прогласила поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава. |
1989 | Во Венецуела се случиле масовни немири, познати како Каракасо. |
1996 | Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
Родени:
272 | Константин I — римски цар, познат и како Константин Велики, основач на градот Цариград. |
1846 | Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија. |
1867 | Ирвинг Фишер — американски економист. |
1873 | Енрико Карузо — италијански оперски пејач, тенор. |
1902 | Џон Стајнбек — американски писател. |
1913 | Ирвин Шо — американски писател. |
1923 | Декстер Гордон — американски џез-музичар. |
1928 | Ариел Шарон — израелски премиер. |
1929 | Џалма Сантос — бразилски фудбалер. |
1932 | Ласло Шароши — унгарски фудбалер. |
1932 | Елизабет Тејлор — британско-американска глумица. |
1951 | Стив Харли — англиски рок-музичар, член на групата Кокни ребелс (Cockney Rebels). |
1961 | Џејмс Ворти — американски кошаркар. |
1967 | Владо Јовановски — македонски глумец. |
1971 | Дерен Браун — англиски илузионист и менталист. |
1978 | Кахабер Калаѕе — грузиски фудбалер. |
1986 | Жонатан Мореира — бразилски фудбалер. |
1993 | Алфонс Ареола — француски фудбалски голман. |
Починале:
1887 | Александар Бородин — руски композитор. |
1936 | Иван Павлов — руски научник, лекар-физиолог, познат по Павловиот условен рефлекс. |
1990 | Михаил Петрушевски — македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. |
2008 | Мира Алечковиќ — српска поетеса. |
2013 | Александар Лековски — македонски диригент и композитор. |
Празници:
1844 | Доминиканска Република — Ден на независноста |