Венко Андоновски
Венко Андоновски (Куманово, 30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар.
Венко Андоновски | ||
Роден | Венко Андоновски 30 мај 1964 Куманово, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | македонски писател, раскажувач, романописец, есеист, критичар и книжовен теоретичар. |
Биографија
уредиВенко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[1][2][3]
Творештво
уредиТворештвото на Андоновски е богато и се состои од поезија, раскази, романи, драми, есеи и книжевна критика. Тој е еден од најчитаните македонски писатели во 21 век: неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски итн.[4]
Библиографија
уредиНегови најважни дела се:[5][6]
- Нежното срце на варварот, (1986).
- Азбука за непослушните (1994),
- Папокот на светот (2000),
- Вештица (2006),
- Ќерката на математичарот/33,33 (2013),
- Папокот на светлината (2022).[6]
- Адска машина (1993),
- Бунт во домот за старци (1994),
- Словенскиот ковчег (1998),
- Црни куклички (2000),
- Папокот на светот,
- Кандид во земјата на чудата (2001),
- Кинегонда во Карлаленд (2006),
- Граница (2008),
- Светица на темнината (2010),
- Олово на перница (2010),
- За секого има по една,
- Генетика на кучињата,
- Ана Каренина — македонска приказна,
- Исус на Масада,
- Господарот на кукавицата,
- Јов
- Матошевите ѕвона (1996),
- Текстовни процеси (1997),
- Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
- Дешифрирања (2000),
- Воскресението на читателот,
- Обдукција на теоријата — Жива семиотика (том 1)
- Обдукција на теоријата — Наратологија (том 2)
- Зеницата на Македонија (Историја на македонската светлина), заедно со Глигор Стојковски
- Достоевски и Мекдоналдс (2019)[8]
Филмски сценарија:
Награди и признанија
уредиЗа своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:[2][3][5]
- „Рациново признание“,
- прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје,
- наградата за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп,
- наградата на „Утрински весник“ за роман на годината,
- наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“),
- „Кочиќево перо“
- „Југра“ (руска награда за најдобар роман во словенските книжевности)
- 2013 - Награда „Стале Попов“ за „Ќерката на математичарот“.
- 2021 - Награда „Ванчо Николески“ за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“[9]
- 2022 - Награда „Стале Попов“ за „Папокот на светлината“.[6]
- 2023 - Награда "Златна бубамара на популарноста
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 24.
- ↑ 2,0 2,1 „www.blesok.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2010-09-16.
- ↑ 3,0 3,1 „Филолошки факултет“. Архивирано од изворникот на 2018-02-18. Посетено на 2010-09-16.
- ↑ Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343-344.
- ↑ 5,0 5,1 Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Венко Андоновски ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за 2022“ (пристапено на 6.2.2023)
- ↑ „Промоција на „Припитомување на кучката" на Венко Андоновски“. Нова Македонија. Посетено на 21 јануари 2019.
- ↑ „Венко Андоновски има нова книга, насловот е „Достоевски и Мекдоналдс"“. Слободен печат. 17 октомври 2019. Посетено на 2 ноември 2019.
- ↑ „Доделени книжевните награди за минатата година“. Макфакс. 7.02.2022. Посетено на 7 февруари 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Белешки
уреди