Стево Спасовски

Стево Спасовски (роден Стеван Спасов[1]; 25 ноември 1940, Скопје - 30 март 2008, Скопје) — македонски глумец, член во Младинско-детскиот театар (1959-1962), во Драмата на МНТ (1962-1964), а од 1964 година до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ драми, во серии, на радиото и на филм.[2].

Стево Спасовски
Роден 25 ноември 1940
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 30 март 2008
Скопје, Македонија Македонија
Занимање актер
Деца Драган Спасов-Дац (син)

ЖивотописУреди

Спасовски е роден во Скопје на 25 ноември 1940 година. Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава од 1960 година, прво во Македонскиот народен театар, а потоа од 1964 година во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање. Спасовски е добитник на наградите: „11 Октомври“ за улога во претставата “Косанчичев венец (1983), награда на ТИ „Војдан Чернодрински“, за улога во претставата „Тетовирани души во 1987 година, а истата година е прогласен и за глумец на годината. Во 1988 повторно е награден на ТИ „Војдан Чернодрински“ за улогата во претставата „Клаустрофобична комедија“, а како заокружување на неговата глумечка дејност во 1999 година Стево Спасовски е добитник на наградата „Климент Охридски“, додека во 2001 година ја добива наградата за животно дело на ТФ „Војдан Чернодрински“. Син на Спасовски е познатиот глумец Драган Спасов - Дац.[3] Починал во Скопје на 30 март 2008 година.

ФилмографијаУреди

Година Филм Улога
1961 Солунските атентатори ТВ-филм Владимир Пингов
1963 Диди и Дади ТВ-филм
1967 Да видам што да бидам ТВ-серија
1969 Републиката во пламен ТВ-филм
1971 Понижени и навредени ТВ-филм
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1972 Истрел ТВ-филм
1972 Настан можеби последен ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм
1973 Луѓе и птици ТВ-филм
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија Поп Петко
1979 Наши години ТВ-серија Тане
1980 Учителот ТВ-филм Јоаким Сапунџиев
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија Доктор
1982 Едно лето ТВ-серија
1984 Другарувања ТВ-серија Професор по физика
1984 Диво месо ТВ-филм Херчог
1985 Јазол ТВ-филм
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Киртаки
1987 Ѕвездите од 42-та ТВ-филм Јаков Ароести
1987 За трошка среќа ТВ-филм Ацо
1987 Случки од животот ТВ-серија
1988 Марка ТВ-филм
1991 Тетовирање ТВ-филм Професорот
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1993 Светлосиво ТВ-филм Ѓавол во срцето
1995 Уа шнајдери ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1997 Преку езерото ТВ-филм Приест Николај
2000 Глас ТВ-филм

НаводиУреди

  1. Eden na Eden (2017-04-23), Еден на Еден - Драган Спасов - Дац, Посетено на 2017-12-07
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1403
  3. Драган Спасов – Дац: Се изборив да бидам Дац, а не синот на Стево. Архивирано од изворникот на 2017-05-04. Посетено на 2017-01-23.