28 јули
датум
28 јули — 209-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (210-и во престапна година). Остануваат 156 денови до крајот на годината.
НастаниУреди
1821 | Перу прогласува независност од Шпанија. |
1858 | За првпат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи. |
1914 | Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австроунгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австроунгарија да и објави војна на Србија. Tри дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција. |
1937 | Јапонците во текот на Кинеско-јапанската војна го завземаат Пекинг. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно. |
1976 | Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе. |
РодениУреди
1165 | Ибн Араби - арапски филозоф. |
1804 | Лудвиг Андреас Фојербах — германски филозоф. |
1887 | Марсел Дишан — француски сликар и вајар. |
1902 | Карл Попер — австриско-британски филозоф. |
1915 | Чарлс Таунс — американски физичар, добитник на Нобеловата награда. |
1921 | Воислав Кушевски — македонски историчар. |
1925 | Хуан Алберто Скјафино — италијанско-уругвајски фудбалер. |
1929 | Жаклина Кенеди Оназис — сопруга на Џон Кенеди и Аристотел Оназис. |
1938 | Арсен Дедиќ — хрватски пејач, музичар и композитор |
1943 | Ричард Рајт — англиски музичар, член на Пинк Флојд. |
1954 | Уго Чавез — претседател на Венецуела од 1998 година. |
1954 | Славиша Жунгул — југословенски и американски фудбалер. |
1956 | Ирена Колиштрковска Настева — македонски археолог. |
1974 | Алексис Ципрас — грчки политичар. |
1977 | Ману Џинобили — аргентински кошаркар. |
1981 | Мајкл Карик — англиски фудбалер. |
1987 | Педро — шпански фудбалер. |
1987 | Немања Петриќ — српски одбојкар. |
1988 | Сеп Ванмарке — белгиски велосипедист. |
1993 | Хари Кејн — англиски фудбалер. |
ПочиналеУреди
1741 | Антонио Вивалди — истакнат венецијански композитор на преодот од барокот кон класицизмот. |
1750 | Јохан Себастијан Бах — германски композитор — еден од најзначајните композитори во историјата на музиката. |
1794 | Максимилијан Робеспјер — еден од главните водачи на Француската револуција. |
1904 | Никола Каранџулов — македонски револуционер — војвода и учител. Роден е во Прилеп. |
1968 | Ото Хан — германски хемичар и нуклеарен физичар. Добитник е на Нобеловата награда за хемија. |