Предлошка:Февруари 2024 3 февруари — 34-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 331 денови до крајот на годината (332 во престапна).

Настани:

1917  Прва светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници.
1943  Втора светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург.
1945  Втора светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин.
1966  На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали.
1969  Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација.
1973  Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна.
1981  Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка.
1992  Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка.
1994  Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја.

Родени:

1809  Феликс Манделсон - Бартолди — германски композитор, пијанист и диригент.
1874  Гертруда Стајн — американска писателка.
1898  Алвар Алто — фински архитект.
1917  Фанула Папазоглу — македонски научник.
1920  Петар Стеванов Тофовиќ — македонски неврохирург.
1937  Александар Џамбазов — македонски диригент и композитор.
1948  Мирко Спироски — македонски професор, физиолог и генетичар.
1951  Бајрон Ериксон — американски цртач на стрипови.
1955  Момир Рниќ — српски и југословенски ракометар.
1956  Ли Рејналдо — американски рок-музичар, член на групата „Соник јут“ (Sonic Youth).
1956  Живко Јанкуловски — македонски политичар.
1960  Јоаким Лев — германски фудбалер и тренер.
1964  Винко Брешан — хрватски режисер.
1968  Владе Дивацсрпски кошаркар.
1988  Мерјем Боз — турска одбојкарка.
1989  Рејнарт Јансе ван Ренсбургјужноафрикански велосипедист.

Починале:

1924  Вудро Вилсонпретседател на САД.
1959  Бади Холи — американски рокенрол музичар.
1961  Садетин Кајнаккомпозитор на класична турска музика.
1977  Васко Каранѓелескинароден херој на Македонија.
1985  Френк Опенхајмер — американски физичар.
1987  Владимир Мошин — македонски историчар, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура.
1992  Васил Ќортошев — македонски оперски пејач и режисер.
1997  Бохумил Храбал — чешки писател.
2016  Бред Кент — канадски рок-музичар, член на групата „Д.О.А.“ (D.O.A.)