Снежана Киселичка
Снежана Киселичка (р. 8 декември 1948 година во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Снежана Киселичка | ||
![]() | ||
Роден | 8 декември 1948. Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогите во: Македонски народни приказни Цимери Едно лето До-ре-ми | |
Занимање | глумец | |
Роднини | Пируника Киселички (внука) | |
Деца | Дубравка Киселички (ќерка) |
Филмографија уреди
Киселичка ги остварила филмските улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | Партизанка |
1975 | Прва вечер ТВ-филм | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1982 | Јужна патека ТВ-филм | Жената |
1985-1986 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1987-1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1990 | ДО РЕ МИ ТВ-серија | Сосетка 1 |
1990-1992 | Тврдкорни ТВ-серија | |
1992 | Еурека ТВ-серија | |
1993-1997 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Жана |
2002 | Наше маало ТВ-серија | |
2006-2009 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2008 | Куќен совет ТВ-серија | |
2010-2013 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2014-2015 | Приказни од животот ТВ-серија | Вера |
2015 | Цимери ТВ-серија | Цена |
2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2016 | Исклучиво жолти лалиња ТВ-филм | Бабата |
2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2018 | Мејкинг оф ТВ-филм | Билјана |
2023-2024 | Македонски народни приказни ТВ-серија |
Животопис уреди
Киселичка дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, како првата генерација дипломирани глумци заедно со: Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска и Петре Арсовски. Во 1973 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје и останува се до нејзиното пензионирање во 2010 година. Таа е препознатлив лик од Македонски народни приказни.
Нејзината ќерка Дубравка Киселички, и нејзината внука Пируника Киселички се исто така глумици.
Таа своите пензионерски денови ги поминува и ужива над градот Охрид, во село Велестово.
Наводи уреди
- ↑ „Snezana Kiselicka“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.