Предлошка:Февруари 2024 20 февруари — 51-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 314 денови до крајот на годината (315 во престапна).

Настани:

1872  Отворен е Метрополитен во Њујорк, еден од најголемите музеи во светот.
1938  Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција.
1941  Во САД бил промовиран првиот џип од марката „вилис МБ“, наменет за армијата на САД.
1962  САД го лансираа вселенскиот брод „Меркјури Атлас МА-6“ со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спушти во Атлантикот.
1970  Почнала изградбата на големиот мост преку теснецот Босфор, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.
1986  СССР ја лансирал вселенската станица „Мир“.
1987  Излегува од печат словенечкиот месечник „Нова ревија 57“ во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ.
1991  Во Тирана избувнале масовни демонстрации против комунистичкиот режим.

Родени:

1886  Бела Кун — унгарски револуционер, водач на Советската Унгарска Република во 1919 г.
1925  Роберт Алтман — американски филмски режисер.
1927  Сидни Поатје — американски глумец.
1927  Ибрахим Ферер — кубански музичар.
1930  Миодраг Булатовиќ — црногорски и југословенски писател.
1940  Џими Гривс — англиски фудбалер.
1943  Мајк Ли — англиски режисер.
1949  Васе Манчев — македонски писател.
1950  Волтер Бекер — американски рок-музичар.
1951  Гордон Браун — британски премиер.
1951  Ентони Дејвис — американски џез-музичар.
1963  Чарлс Баркли — американски кошаркар.
1964  Руди Гарсија — француски фудбалер и тренер.
1967  Курт Кобејн — американски рок-музичар, член на групата „Нирвана“.
1969  Синиша Михајловиќ — југословенски и српски фудбалер.
1971  Јари Литманен — фински фудбалер.
1980 Ана Полеска — германска пливачка.
1985  Мајкл Оливер — англиски фудбалски судија.
1988  Ријана — американска поп-пејачка со потекло од Барбадос.
1990  Чиро Имобиле — италијански фудбалер.
1992  Борјан Ристовски — македонски фудбалер.

Починале:

1431  Мартин Vримски папа.
1626  Џон Дауленд — англиски композитор за лејта.
1790  Јосиф IIсвет римски цар од династијата на Хабсбурговците.
1908  Мануш Георгиев — македонски револуционер.
1908  Симо Матавуљ — српски писател.
1910  Бутрос Бутрос-Гали — египетски политичар и дипломат.
1943  Раде Јовчевски - Корчагиннароден херој на Македонија.
1949  Василиј Лебедев-Кумачсоветски поет, текстописец на маршот „Света војна“.
1983  Танкреди Пазероиталијански оперски пејач (бас).
2002  Бранко Станковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
2016  Мухамед Мујиќ — босански и југословенски фудбалер.
2024  Андреас Бреме — германски фудбалер.