Салаетин Билал (Скопје, 19 март 1942 - Скопје, 10 мај 2018) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец од турска националност.

Салаетин Билал
Роден 19 март 1942
Скопје
Починал 10 мај 2018(2018-05-10) (возр. 76)
Скопје
Националност Турчин
Познат по улогата во:
Тврдокорни
Прашина
Зад непријателските линии
Македонски народни приказни
Збогум Румелија
Сенки
Солунски патрдии
Мајки
Занимање глумец
Сопружник Мукерем Билал

Животопис уреди

Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турски театар - Скопје. Како глумец гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.

За своето глумечко умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за глумец на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“, Добитник е на Наградата за животно дело "Војдан Чернодрински" 2014. Починал во Скопје на 10 мај 2018 година.[1]

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Кајмакам
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1980 Време, води ТВ-филм Кајмакам
1982 Полноќно сонце краток филм
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Премиера ТВ-филм
1983 Записник ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија
1985 Курсот завршува со коњ ТВ-филм Тахир
1985 Од зад грб ТВ-филм Сами
1985 На наш начин ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Јашар Бег
1987 Народни трибуни ТВ-серија
1988-1989 Тврдокорни ТВ-серија
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Самба
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Паша ефенди
1993 Македонска сага ТВ-филм
1994 Македонски народни приказни ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм
1997 Џипси меџик ТВ-филм
2000 Глас ТВ-филм
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2001 Прашина ТВ-филм
2001 Зад непријателските линии ТВ-филм
2002 Наше маало ТВ-серија
2003 Чекор пред времето ТВ-филм
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Абдурахман Паша
2004 Илузија ТВ-филм
2004 Под ТВ-филм Танас Митикј
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Ристе
2006 Таква ТВ-филм Шукру
2007 Стапица ТВ-филм Таткото на Соња
2007 Сенки ТВ-филм Герасим
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Масер Паша
2009 Исток, запад , исток ТВ-филм Келнер
2009-2010 Балканска свадба ТВ-серија Влатко
2010 Народни Приказни ТВ-серија Момир
2010 Жарче ТВ-филм Дедото
2010 Мајки ТВ-филм Дедо
2010-2012 Македонски народни приказни ТВ-серија
2012 Трето полувреме ТВ-филм Чевлар
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Валијата
2013 Игра и спас ТВ-филм Таткото
2014 До балчак ТВ-филм Гостилничарот
2014 Големата врата ТВ-серија
2015 Три дена во септември ТВ-филм Бакалот
2015 Лимоната ТВ-филм Али Риза
2016 Преспав ТВ-серија Директорот Ташко
2017 Евгеничарите ТВ-филм Стар човек
2017 5+ фамилија ТВ-серија
2018 Народни приказни ТВ-серија Кадијата
2018 Незаборавна пролет, во заборавено село ТВ-филм Басри
2018 Дедо и внук ТВ-филм Дедото

Наводи уреди

  1. Почина Салаетин Билал, омиленскиот македонски глумец на филмските и театарски режисери. Архивирано од изворникот на 2018-05-11. Посетено на 2018-05-11.

Надворешни врски уреди