9 јули — 190-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (191-и во престапна година). Остануваат 175 денови до крајот на годината.

<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

Настани

уреди
1816  Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина).
1873  Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1877  Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
1922  Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
1960  Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
1997  Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.


Родени

уреди
1834  Јан Нерудачешки писател и публицист.
1850  Иван Вазов — бугарски поет.
1937  Дејвид Ворк Грифитанглиски сликар.
1938  Петар Башески — македонски поет.
1947  Мич Мичел — англиски тапанар, член на групата Џими Хенрикс експириенс (The Jimmi Hendrix Experience).
1952  Димо Н. Димчев — македонски поет.
1956  Том Хенксамерикански глумец.
1959  Џим Кер — шкотски рок-пејач, член на групата Симпл мајндс.
1964  Кортни Лав — американска рок-пејачка.
1964  Џанлука Вијали — италијански фудбалер.
1966  Зоран Терзиќ — српски и југолсовенски одбојкар и тренер.
1967  Јордан Лечков — бугарски фудбалер.
1968  Паоло Ди Канјо — италијански фудбалер.
1974  Никола Ѓуричко — српски глумец.
1978  Сашка Димитровска — македонска глумица.
1981  Ристо Арнаудовски — македонски ракометар.
1985  Ешли Јанг — англиски фудбалер.
1990  Лукас Лима — бразилски фудбалер.
1990  Рафаел да Силва — бразилски фудбалер.
1997  Татјана Смит — јужноафриканска пливачка.


Починале

уреди
1441  Јан ван Ајк — фламански сликар.
1746  Филип — шпански крал.
1850  Маргарет Фулер — американска новинарка.
1904  Славејко Арсов — македонски револуционер.
1913  Михаил Анагностакос — грчки офицер.
1934  Иван Хаџи Николов — македонски општественик и револуционер.
1942  Цветан Димовнароден херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје во Обласната полициска управа.
1943  Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.
1992  Ханс Ем — најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.
2001  Бедри Халими — член на ОНА.


Празници

уреди

9 јули (празници)