Трајко Чоревски

македонски глумец

Трајко Чоревски (22 февруари 1921 во Велес12 април 1955 во Битола) – македонски филмски и театарски глумец, член на битолскиот Народен театар од 1952 година до неговата прерана смрт.[1][2][3]

Трајко Чоревски
Роден Трајко Чоревски
22 февруари 1921
Велес, Кралство СХС
Починал 12 април 1955 (возраст: 34)
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Волчја ноќ
Занимање глумец
Сопружник Ратка Чоревска
Деца Благоја Чоревски (син)
Борис Чоревски (син)

Глумец со огромен фонд на изразни можности, кој во играта внесувал многу љубов и поетска возвишеност.

Животопис

уреди

Трајко Чоревски бил роден во Велес во 1921 година. Пред Втората светска војна членувал во театарските дружини на Петре Прличко и Димче Трајковски. Чоревски бил еден од основоположниците на Македонскиот народен театар во 1945 година каде само за шест сезони одиграл 26 драмски ликови. По 1951 година кариерата ја продолжил во народните театри во Велес и Штип, а од 1952 година, до неговата прерана смрт во 1955 година, тој бил член на Народниот театар од Битола.

Творештво

уреди

Во својот краток глумечки живот остварил повеќе забележителни театарски и една филмска улога.

Поважни театарски улоги

уреди
Година Улога Претстава Автор
1948 Алтернација Бегалка Васил Иљоски
1950 Алтернација Волци и овци Николај Островски
1951 Нил Малограѓани Максим Горки
1952 Крис Сите мои синови Артур Милер
1953 Марко Без третпат Милан Беговиќ
1953 Јерко Луѓе без вид Јосип Кулунџиќ
1954 Митке Коштана Борисав Станковиќ

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1952 Фросина ТВ-филм
1955 Волчја ноќ ТВ-филм Стане

Награди и признанија

уреди

Наводи

уреди
  1. Значајни личности за Битола, 2007
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1629. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. Трајко Чоревски на мрежното место на ИМДб

Надворешни врски

уреди