25 декември
датум
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2023 |
25 декември — 359-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (360-и во престапна година). Остануваат 6 денови до крајот на годината.
Настани:
800 | Папата Лав III во Рим го крунисува франкискиот владетел Карло Велики за Свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон Бонапарт. |
1066 | Во Вестминстерската опатија во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I. |
1688 | Во Франција пребегал Јаков II, последниот англиски крал од династијата Стјуарди, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера. |
1717 | Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ — северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица. |
1741 | Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создал скалата од 100 степени за мерење на температурата — Целзиусовата скала. |
1776 | Генералот Џорџ Вашингтон ги префрлил силите со кои командувал преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападнал германските платеници кои во Американската војна за независност се бореле на страната на Британците. |
1903 | Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и јазичар Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“. |
1914 | Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни |
1926 | Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито. |
1943 | Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот — партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. Меѓутоа, ова не ма да важи за македонските партизани од ДАГ во Егејска Македонија, кои подоцна ќе бидат гонети. |
1971 | Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе. |
1979 | Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата. |
1989 | Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење. |
1991 | Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин. |
1991 | Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“. |
1995 | На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со водачот на партијата Неџмедин Ербакан. |
1995 | Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица. |
1997 | На Куба за првпат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба. |
2000 | Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе. |
2003 | При падот на патничкиот авион „Боинг 727“ во Атлантскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата. |
2003 | Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. |
Родени:
1250 | Јован IV Дука Ласкарис — никејски цар. |
1642 | Исак Њутн — англиски физичар, астроном и математичар. |
1878 | Јован Бабунски — србомански четнички војвода. |
1882 | Рајна Алексова — македонски фармацевт. |
1899 | Хамфри Богарт — американски филмски глумец. |
1907 | Кеб Келовеј — американски џез-пејач. |
1918 | Јоргос Ралис — премиер на Грција. |
1923 | Естреја Овадија - Мара — македонски народен херој. |
1920 | Јован Бошковски — македонски писател. |
1925 | Карлос Кастанеда — американски писател. |
1943 | Зафир Хаџиманов — македонски пејач и композитор. |
1944 | Жаирзињо — бразилски фудбалер. |
1949 | Сиси Спејсек — американска глумица. |
1952 | Павле Трајанов — македонски политичар. |
1954 | Ени Ленокс — шкотска пејачка, членка на групата „Јуритмикс“. |
1956 | Олег Дементиенко — македонски поет. |
1967 | Борис Новковиќ — хрватски поп-пејач. |
1971 | Дајдо — британска пејачка. |
1976 | Армин ван Бурен — холандски продуцент и диџеј на транс-музика. |
1980 | Блаженко Лацковиќ — хрватски ракометар. |
1988 | Ерик Гордон — американски кошаркар. |
1990 | Морено Мозер — италијански велосипедист. |
1993 | Столе Димитриевски — македонски фудбалски голман. |
Починале:
795 | Адријан I — римски папа. |
820 | Лав V — византиски цар. |
1683 | Кара Мустафа паша — Голем везир на Отоманското Царство. |
1921 | Владимир Короленко — украински писател, хуманист и новинар. |
1938 | Карел Чапек — чешки писател. |
1953 | Артуш Черник — чешки писател, новинар и филмски и театарски критичар. |
1956 | Роберт Валзер — швајцарски писател. |
1963 | Тристан Цара — романско-француски писател и уметник. |
1977 | Чарли Чаплин — британски глумец и режисер, најголем артист на немиот филм. |
1983 | Хуан Миро — шпански сликар. |
1989 | Николае Чаушеску — романски комунистички политичар. |
1995 | Дин Мартин — американски глумец и пејач. |
2006 | Џејмс Браун — американски музичар, познат како „Кум на соулот“. |
2016 | Џорџ Мајкл — британски поп-пејач. |
Празници:
* | Божиќ, денот на Христовото раѓање, го прославуваат сите цркви со католичка, протестантска и православна вероисповед кои го користат грегоријанскиот календар. Празник во многу земји во светот. |