<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

15 април — 105-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (106-и во престапна година). Остануваат 260 денови до крајот на годината.

Настани:

1912  По судирот во санта мраз нешто пред полноќ претходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот.
1923  Инсулинот станува општо достапен за болните од шеќерна болест.
1955  Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан „Мекдоналдс“.
1992  Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1994  Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ.

Родени:

1452  Леонардо да Винчи — италијански ренесансен уметник, градител и научник.
1707  Леонард Ојлер — швајцарски математичар и физичар.
1843  Хенри Џејмс — американско-британски писател.
1878  Роберт Валзер — швајцарски писател.
1894  Беси Смит — американска блуз-пејачка.
1911  Љубомир Белогаски — македонски сликар и член на МАНУ.
1913  Ерих Кош — српски и југословенски писател.
1926  Павле Угринов — српски писател, режисер и академик.
1933  Живојин Павловиќ — српски и југословенски режисер и писател.
1938  Клаудија Кардинале — италијанска глумица.
1944  Душица Жегарац — српска и југословенска глумица.
1956  Мајкл Купер — американски кошаркар.
1957  Евелин Ешфорд — американска атлетичарка.
1983  Иљја Ковалчук — руски хокеар.
1987  Филипкрал на Белгија.
1987  Гатис Смукулис — латвиски велосипедист.
1990  Ема Вотсон — англиска глумица.
1992  Ремо Фројлер — швајцарски фудбалер.
1995  Леандер Дендонкер — белгиски фудбалер.
1999  Денис Шаповалов — канадски тенисер.
2000  Филип Петрушевсрпски кошаркар од македонско потекло.

Починале:

1446  Филипо Брунелески — италијански архитект, основоположник на ренесансната архитектура.
1764  Мадам де Помпадур — љубовница на Луј XV.
1765  Михаил Ломоносов — руски научник, писател, академик и енциклопедист.
1865  Абрахам Линколн — шеснаесеттиот претседател на САД.
1927  Гастон Леру — француски новинар и писател.
1931  Андон Тошев Стојанов — македонски револуционер, познат како Дончо Штипјанчето.
1942  Роберт Музил — австриски писател.
1944  Џовани Џентиле — италијански неохегелијански идеалистички филозоф и политичар.
1967  Тотоиталијански глумец.
1972  Френк Најт — американски економист.
1980  Ванчо Николески — македонски писател.
1980  Жан Пол Сартр — француски филозоф и писател.
1986  Жан Жене — француски писател.
1990  Грета Гарбо — шведска глумица.
1992  Александар Матковски — прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар-ориенталист.
1997  Иван Пухан — еден од основачите на Правниот факултет во Скопје.
2000  Јонче Христовскипејач, композитор и текстописец на народна музика.
2020  Ли Кониц — американски џез-музичар.