Трајче Иваноски
Трајче Иваноски (р. Прилеп, 11 март 1945 - Прилеп, 19 декември 2021) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 1965 година сè до пензионирањето во 2007 година работел во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тој и по пензионирањето продолжува да биде активен во театарот. Покрај неговиот матичен театар и Македонскиот народен театар, Драмски театар - Скопје тој гостувал и во други театри.
Трајче Иваноски | ||
![]() | ||
Роден | 11 март 1945 Прилеп, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 19 декември 2021 Прилеп, ![]() | (возр. 76)|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Солунски патрдии Авантурите на Итар Пејо Втора смена Бог да ги ибие шпионите Илинден Волшебното самарче Неверство во зимска ноќ | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Лидија Иваноска |
Филмографија уреди
Иваноски има остварено бројни филмски улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | |
1979 | Наши години ТВ-серија | Железничарот |
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | Економот |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1984 | Белото Циганче ТВ-серија | |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Аџи Јанкула |
1988 | Втора смена ТВ-серија | |
1989 | Собирен центар ТВ-филм | |
1989-1991 | Еурека ТВ-серија | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм | |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Затвореник |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Дедото Марко |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2001 | Прашина ТВ-филм | Овчар |
2003 | Лото, лото ТВ-серија | |
2004 | Неверство во зимска ноќ ТВ-филм | |
2006 | Тајната книга ТВ-филм | Прв гостин |
2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | |
2008 | Куќен совет ТВ-серија | |
2010 | Царската е последна ТВ-филм | |
2012-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Мајстор Јонче |
2013-2014 | Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија | Кметот |
2014 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2015 | Три во едно ТВ-филм | |
2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Таткото |
Награди уреди
- Прва награда на фестивалот Војдан Чернодрински за млад глумец во улогата на Златан во претставата "Робот и Агата".
- Награда за најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата "Скок преку кожа" во режија на Бранко Гапо на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински.
- Во 2003 година на меѓународниот фестивал на комедија во Корча,Р.Албанија ја добива главната наградата за најдобро глумечко остбарување за улогата на професор Павлович во претставата "Собирен Центар".
- Во 2011 година ја добиваа наградата за животно дело на фестивалот Војдан Чернодрински - Прилеп.
- Добитник е и на наградата "3-Ноември" што ја доделува Собранието на град Прилеп.
- Награда за главна машка улога за ликот Протасов во претставата "Деца на сонцето" во решија на Илија Милчин.
- Во 2016 година повторно на фестивалот Корча добива награда за монодрамата "Јас Илија Шаторот".
Наводи уреди
- ↑ „Trajce Ivanoski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.
Надворешни врски уреди
- Трајче Иваноски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)