Мара Исаја
Мара Исаја (родена во 1923 во Плоешт - починала на 23 октомври 2006 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица[1].
Мара Исаја | ||
Роден | 1923 Плоешт, Романија | |
---|---|---|
Починал | 23 октомври 2006 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Занимање | глумец | |
Роднини | Јон Исаја (брат) |
ЖивотописУреди
Исаја е родена во Плоешт, Романија, во 1923 година, како дете на македонски печалбар од Тетово[2]. На само 16 години се запишала на Конзерваториум за драмски уметности во Букурешт, а паралелно учела и гимназија. Како една од најдобрите студентки, дипломирала на 18 години. Првиот глумечки ангажман го добила во елитниот Народен театар во Букурешт, во кој членувала до 1951 година, кога заедно со семејството дошла во Македонија. Во Македонскиот народен театар е вработена од 1954 година, а во 1964 година, заедно со една поголема група на истакнати глумци од МНТ премина во тогашниот Младинско-детски, денес Драмски театар, каде што најзиниот раскошен глумечки талент дошол до полн израз[2]. Упорна, професионална и фанатично работлива, во текот на следните три децении, Исаја одиграла редица различни театарски и филмски улоги. Таа останала запаметена по антологиската претстава „Столови“ од Јонеско, кога остварила бравурозна улога, заедно со својот брат Јон Исаја, во 1980 година. Тоа била првата претстава од Јонеско, поставена на театарска сцена во Македонија. Добитник е на наградата „13 ноември“, а во 2005 на фестивалот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ѝ била доделена наградата за животно дело. Починала на 23 октомври 2006 во Скопје[3].
ФилмографијаУреди
Толкувала големи улоги на радиото и на телевизијата, а за своите успешни настапи во македонските играни филмови „Мементо“ и „Планината на гневот“ е наградена на Филмскиот фестивал во Ниш, Србија.
НаводиУреди
- ↑ Ivan Ivanovski (1997). Osnovopoložnici na akterskata umetnost vo Makedonija. MM.
- ↑ 2,0 2,1 „Мара Исаја беше една од најкултивираните глумици во Македонија“. Утрински Весник. 25 октомври 2006. Посетено на 2011-01-02.
- ↑ „Култура и спорт: Македонските новинари и фотографи добија награди на ОН“. Ѕеtimes. 25/10/2006. Посетено на 2011-01-02. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врскиУреди
- Мара Исаја на Семрежната филмска база на податоци (англиски)