26 декември
датум
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
26 декември — 360-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (361-и во престапна година). Остануваат 5 денови до крајот на годината.
Настани:
1805 | По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот цар ја создаде Рајнскиот Сојуз, сателитска држава на Франција. |
1898 | Пјер и Марија Кири го откриле радиоактивниот елемент радиум. |
1942 | Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година. |
1943 | Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници. |
1945 | Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа. |
1991 | Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин. |
2003 | Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе. |
2004 | Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја. |
2012 | Шинзо Абе по вторпат станува Премиер на Јапонија. |
Родени:
1734 | Џорџ Ромни — англиски сликар. |
1792 | Чарлс Бебиџ — англиски математичар и пронаоѓач, татко на компјутерот. |
1891 | Хенри Милер — американски писател. |
1893 | Мао Це Тунг — кинески револуционер и претседател на владата на НР Кина. |
1914 | Ричард Видмарк — американски глумец. |
1937 | Михајло Маневски — министер за правда на Македонија. |
1940 | Едвард Прескот — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2004 година. |
1947 | Шан Ешноз — француски писател. |
1951 | Жарко Вараиќ — српски и југословенски кошаркар. |
1951 | Џон Скофилд — американски џез-музичар. |
1963 | Ларс Урлих — данско-американски рок-музичар, член на групата „Металика“. |
1969 | Томас Линке — германски фудбалер. |
1975 | Марсело Риос — чилеански тенисер. |
1979 | Хавиер Флоренсио — шпански велосипедист. |
1989 | Јохан Блејк — јамајски атлетичар. |
1990 | Арон Ремзи — велшки фудбалер. |
1990 | Денис Черишев — руски фудбалер. |
Починале:
268 | Дионисиј — римски папа. |
268 | Зосим — римски папа. |
1476 | Галеацо Марија Сфорца — војвода на Милано. |
1530 | Захиредин Бабур — монголски цар. |
1867 | Јожеф Кошич — словенечки автор. |
1890 | Хајнрих Шлиман — германски археолог, кој ги открил Троја и Микена. |
1923 | Дитрих Екарт — германски политичар. |
1966 | Гуљелмо Стабиле — аргентински фудбалер. |
1972 | Хари Труман — 33. претседател на САД. |
1973 | Харолд Хотелинг — американски математичар, статистичар и економист. |
1977 | Хауард Хокс — американски филмски режисер. |
1999 | Куртис Мејфилд — американски соул и фанк музичар. |
2006 | Џералд Форд — 38. претседател на САД. |