Наташа Поплавска
Животопис
уредиНаташа Поплавска е родена во 1971 година во Скопје, во семејство со богата балетска историја. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 2010 година магистрирала на Универзитетот во Шефилд, во областа на маркетинг во современиот театар.
Творештво
уредиРежисерската кариера на Поплавска започнала уште во студентските денови, кога во 1995 година, заедно со колегата Синиша Евтимов, ја поставила драмата „Едмонд“ на Дејвид Мемет во МНТ. Тоа била првата театарска претстава во Македонија, режирана од студенти. Во 2000 година ја режирала претставата „Сината соба“ на Дејвид Хер, во продукција на Асоцијацијата за развој на културата „Артемида“. Во 2014 година, во Театарот комедија, ја режирала драмата „Лисистрата“ на Аристофан. Истата година, во Македонската опера и балет, заедно со кореографот Игор Киров, го создала современиот балет „14 часа“, додека во 2015 година, во МНТ, го поставила бродвејскиот мјузикл „Чикаго“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Вилијам Шекспир, Венецијански трговец. Скопје: НУ Драмски театар - Скопје, 2017.