Јелена Жугиќ (родена на 20 април 1973 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Јелена Жугиќ
Родена 20 април 1973
Скопје
Занимање глумица

Животопис Уреди

Јелена Жугиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, со претставата „Арсеник и стара тантела“ во 1995 година. Во Драмскиот театар е вработена од февруари 1997 година.

Театарски претстави:

  • Моето име е Горан Стефановски, од Горан Стефановски, р Бранислав Миќуновиќ, ДТС 2022
  • Титанија - Сон на летната ноќ, од Вилијам Шекспир, Т. Комедија 2017
  • Др. Ката - Трудна приказна, од Благица Секуловска, р. Лидија Дедовиќ, Т. Комедија 2017
  • Лина - Вардарски пастуви, од Фул Монти, р. Синиша Евтимов, Т. Комедија 2016
  • Николинка - Господарот на кукавицата, од Венко Андоновски, р. Андреј Цветановски, т. Комедија 2015
  • Бети - Име, од Александар де ла Пателие, р. Нени Делместре, Т. Комедија 2015
  • Лисистрата - Лисистрата, од Аристофан, р. Наташа Поплавска, Т. Комедија 2014
  • Кралицата - Хамлет во Пикантен сос, од Алдо Николај, р. Александра Кардалевска, Т. Комедија 2013
  • Фатиме - Солунски патрдии, од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013
  • г-ѓа Ренате - Генетика на кучињата од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2012
  • Хекуба - GeNОcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011
  • Ѓ-ѓа Лу/Сестра Мери - Олово на перница, од Венко Андоновски, р. Димче Николовски, ДТС 2011
  • Дона Жуана - Дона Жуана, од Молиер, р. Патрик Вершурен, Градски театар - Скопје, 2009
  • Олимпија - Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
  • Пангиос - Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009
  • Титанија - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2008
  • Стиви - Коза, или Која е Силвија? од Едвард Олби, режија Дино Мустафиќ, ДТС, 2008
  • Јулишка - Комшилук наопаку, од Н.Митровиќ, р. Н.Делместре, ДТС, 2007
  • Мира - Кино Љубов, од Ј.Бојаџи, режија Јани Бојаџи, ДТС, 2007
  • Сенген - Демонот од Дебар Маало, од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски ДТС, 2006
  • Ирина - Три сестри, од Чехов, р. Димитар Станковски, ДТС, 2004
  • Магдалена - Куќата на Бернарда Алба, од Љорка, р. Г. Стојановиќ, ДТС, 2004
  • Магда - Магдо, љубов моја, од С. Насев, р. Д. Станковски, независен проект, Скопје, 2003
  • Таа - Нема да ми верувате што ми се случи вечерва, од Н. Вујадиновиќ, р. К. Ристевски, ДТС, 2003
  • Абел - Собрани дела на Вилијам Шекспир, од Том Стопард, р. З. Славенски, ДТС, 2002
  • Лора - Црни кукли, од В. Андоновски, р. Д. Станковск, независен проект, 2001
  • Вагинални монолози, од Ив Енслеф, р. Д. Станковски; независен проект Скопје
  • Титанија - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000
  • Панглос помалиот - Кандид во земјата на чудата, од В. Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС 2000
  • Мехмене - Ферхард и Сирин, од Јудел Ертен, р. Н. Хикмети, ДТС 2000
  • Ерика фон Лајден – Европа, од Рене Калински, р. Патрик Версурен, ДТС, 1999
  • Беатриче, Распони и Федерико Распони - Арлекин, од К. Голдони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1999
  • Маргарета - Македонски Фауст, од М. Србиновски, р. Сашо Миленковски, 1999
  • Грофицата Алмавива - Женидбата на Фигаро, од Бомарс, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1998
  • Сара/Долорес - Љубовникот, од Дејвид Ајс, Харолд Пинтер, Керил Сеил, р. Зоја Бујалковска, ДТС, 1998
  • Дебра - Перверзии, од Д. Мамет, р. Мони Дамевски, ДТС 1997
  • Хорот - Ојдипус Тиранос, од Софоклеус, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 1997
  • Ида - Позитивно мислење, од С.Насев, р. Димитар Станковски, ДТС 1997
  • Дона Хуана - Дона Хуана, од А. Виздеи, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996
  • Констанца - Амадеус, од П. Шефер, р. Златко Славенски, ДТС, 1996
  • Тина - Ни ќар ни зијан, од Б. Димитров, р. Д. Станковски, ДТС 1996
  • Ева - Умри машки, од А.Николај, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996
  • Селанка – Кумови, од Русанте, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1995
  • Ема Брјустер - Арсеник и стара тантела, од Кеселинг, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995
  • Жената на Лука Лукиќ - Ревизор, од Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 1995
  • Глумец - Розенкранц и Гилденстерн се мртви, од Т.Стопард, р. Златко Славенски, ДТС, 1994
  • Третата дворска дама - Животот е сон, од Калдерон де ла Барка, р. Слободан Унковски, ДТС, 1994
  • Пешна - Крале Марко, од М. Србиновски, р. Љубиша Георгиевски, В. Чернодрински – Прилеп, 1994
  • Марика, Јадранка - Сон..., од Ж.Мирчевска, р. З.Славенски и С. Ковачевиќ, фестивал МОТ, 1994
  • Третата Евменида – Евмениди, од Есхил, р. Г. Тренчовски, Фестивал "Охридско лето", 1993
  • Жената со две лица - Црно писмо, од Б. Миневски, р. В. Цветановски, Фестивал "Охридско лето", 1993
  • Цвета - Време за сонување, од З. Славенски, р. З. Славенски, Ј. Х. Џинот - Велес 1993

Филмографија Уреди

Жугиќ има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1992 Роза Еирихонска ТВ-филм
1994 Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Буба
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1998 Салон Хармони ТВ-серија Марија
2000 Погрешно време ТВ-серија
2002 Заведени ТВ-серија Нана
2003 Време за плачење ТВ-филм Ана
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-филм
2005 Остани исправен ТВ-филм
2005 Обични луѓе ТВ-серија
2007 Сенки ТВ-филм
2010 Од денес за утре ТВ-серија Јелена
2010 Пилот ТВ-филм Лина
2015 Бела ноќ ТВ-филм Слободата
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2021 Кино „Љубов“ ТВ-филм Мира
2022 Моето име е Горан Стефановски ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Ника

Награди Уреди

  • Награда на фестивалот "Јоаким Фест" за претставата "My name is Goran Stefanovski" 2022
  • Награда "13-ноември" 2015
  • Награда за женска улога за 2012 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Ренате во претставата „Генетика на кучињата“
  • Награда за најдобра женска улога за 2011 г, на Фестивалот за античка драма „Стоби“ - 2011, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21“
  • Награда за најдобра женска улога за 2011 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21“
  • Награда „Златна Бубамара за популарноста“, 2009
  • Награда "Маслина", за најдобра глумица во ТВ филмот Време за плачење, Бар 2003 г.
  • Награда "Златна маска Изида" за најдобра улога во претставата "Собрани дела на Вилијам Шекспир, на Меѓународниот фестивал "Охридско лето" 2002г.;
  • Награда за најдобра глумечка креација за 2001 г., на Националниот фестивал "Војдан Чернодрински", Прилеп, Р. Македонија, за улогата Лора во претставата "Црни куклички".
  • Награда за најдобра глумечка креација за 1997 г., на Националниот фестивал "Војдан Чернодрински", Прилеп, Р. Македонија, за улогата Ида во претставата "Позитивно мислење".
  • Награда од списанието "Екран" за најдобар млад глумец за 1996г. за улогата Ева во претставата "Умри машки"

Наводи Уреди

  1. „Jelena Zugic“. IMDb. Посетено на 28 јануари 2023.

Надворешни врски Уреди