972
|
Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
|
1441
|
Формиран е Колеџот Итон.
|
1497
|
Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите.
|
1509
|
Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
|
1793
|
Усвоен првиот републикански устав во Франција.
|
1859
|
Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст.
|
1861
|
Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат „Зборникот народни умотворби“ на браќата Миладиновци.
|
1894
|
Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права.
|
1901
|
Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз.
|
1910
|
Јапонија ја освојува Кореја.
|
1918
|
Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз.
|
1940
|
Франција и Италија потпишуваат примирје.
|
1944
|
Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
|
1945
|
Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва.
|
1947
|
Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
|
1983
|
Јасер Арафат протеран од Дамаск.
|
1990
|
Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија.
|
1991
|
Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
|
1996
|
Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
|
1999
|
Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена „Лејла“ е продадена на аукција за 497.500 долари.
|