Сашко Насев (Кочани, 1966) — македонски писател.

Сашко Насев

Животопис

уреди

Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, докторирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, специјализација во САД; син на Насе Насев, тренер на најуспешната македонска репрезентација (борење слободен стил); уредник на културната рубрика на весникот „Студентски збор“, соработник на Македонската телевизија.[1] Професор на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Еден од најплодните млади македонски писатели: драма Трилогија (1987), роман Божилак Никогов (1990), драма Пречистување (изведена во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, 1990), драма „Чија си“ (изведена во Драмскиот театар во Скопје; изд. Дом на младите, Скопје 1991; преведена во списанието „Сцена“, Нови Сад 1991), драматизација Женски оркестар (1991), драма Грев или Шприцер (изведена во Драмскиот театар во Скопје; изд. Магазин 21, Скопје 1992), фарса Спиро Царо (изведена како специјална премиера на фестивалот МОТ, Скопје 1992), драматизација Женски оркестар II (1992), драма Либрето Вагнер (изведена во Народниот театар во Битола, 1993), текст Црниот ден и жешките костени во книгата на десет врвни млади македонски интелектуалци "La jeune Macédoine" (1993), телевизиска серија Бумбари (Македонска телевизија, 1994), филмско сценарио Самоуништување (1996), драма Харем (се подготвува за изведба во Драмскиот театар во Скопје); автор е на филмско сценарио кое се подготвува за снимање.

Драмите Чија си, Грев, или Шприцер, Женски оркестар I и II и други постигнаа вонреден успех кај публиката - играни се повеќе стотини пати во сите градови во Македонија.

Во 2018 година, станува извршен директор на Културно информативниот центар во Софија, Бугарија.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 175.