Шишман Ангеловски

Шишман Ангеловски (роден на 24 април 1937 во Софија - починал на 7 февруари 1995 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Шишман Ангеловски
Роден 24 април 1937
Софија, Бугарија
Починал 7 февруари 1995(1995-02-07) (возр. 57)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Време, води
Најдолгиот пат
Колнати сме, Ирина
Македонска сага
Илинден
Македонскиот дел од пеколот
Тетовирање
Занимање глумец
Деца Звездана Ангеловска (ќерка),
Валентина (Ангеловска) Диниќ (ќерка),
Ирена (Ангеловска) Данева (ќерка)

Професионалната кариера Шишман Ангеловски ја започнал во Куклениот театар во Скопје во 1957 година. Истата година почна да настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар станува во 1959 година, каде што има одиграно преку 80 улоги. Добитник е на Наградата на Здружението на драмските уметници на Македонија, како и на неколку други признанија добиени за остварувања на филмот. Бил прогласен за Најпопуларно ТВ лице во Македонија.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1969 Време без војна ТВ-филм Макре
1969 Враќање од рајот ТВ-филм
1970 Мртва стража ТВ-филм
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Полицаец
1972 Настан можеби последен ТВ-филм
1972 Истрел ТВ-филм
1973 Колнати сме, Ирина ТВ-филм
1973 Залез над езерска земја ТВ-серија Елемар
1973 Љуѓе и птици ТВ-филм
1976 Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Поп
1977 Итар Пејо ТВ-серија Рамбо
1977 Сакате ли уште едно парче торта ТВ-филм
1978 Среќна приказна ТВ-филм
1979 Курирот на Гоце ТВ-серија
1980 Време, води ТВ-филм
1981 Самотија ТВ-филм Клисар
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија Јаја
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија
1984 Диво месо ТВ-филм Поп
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1987-1988 Трст виа Скопје ТВ-серија Трговецот
1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Попот
1990-1991 Еурека ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм Бербер
1992 Тврдокорни ТВ-серија
1992 Кражба ТВ-филм
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм
1993 Македонска сага ТВ-филм Суљо

Надворешни врски уреди