Дарко Дамески

македонски глумец
(Пренасочено од Дарко Дамевски)

Дарко Дамески (Прилеп, 12 мај 1932 - Скопје, 12 декември 1983) — еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери.

Дарко Дамески
Роден 12 мај 1932
Прилеп
Починал 12 декември 1983(1983-12-12) (возр. 51)
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Фросина
Волчја ноќ
Мис Стон
Исправи се, Делфина
Оловна бригада
Македонскиот дел од пеколот
Црно семе
Време без војна
Занимање глумец
Роднини Ѓоре Дамески (брат)
Деца Симеон Мони Дамевски (син)

Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје.

Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност.

Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти.

Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката.

Животопис

уреди

Еден од најдобрите Македонски филмски и театарски глумци со право е нашиот актер Дамески Дарко. Тој е роден далечната 12.5.1932 година во Прилеп. На 17 годишна возраст се запишува на школување на тогашната Државна театарска школа во Скопје. Тој уште во текот на школувањето пројавува многу голем интерес за глума. Поради таа причина тој уште во текот на неговото школување настапува во македонски народен театар и уште во самиот почеток доаѓа до израз неговата приврзаност кон театарот и глумата. Во Македонскиот народен театар има остварено многу настапи и има остварено многу значајни улоги. Но тој не застанува тука, туку тој се фрла во водите на филмската глума. Дамески својот прв филмски ангажман го забележува со епизодната улога во првиот македонски филм наречен “ФРОСИНА”. После неговиот доста успешен настап во овој прв македонски филм тој настапува скоро во сите македонски филмови. Во повеќето од тие филмови има настапувано во главната улога,во споредна улога или пак како глумец. Неговиот физички изглед односно неговата физиономија ги одредила и ликовите коишто ги има толкувано. Тие ликови се воглавно негативци, со одредени исклучоци. Дамески има многу голем углед и на основањето на драмски театар. Тој во неговиот живот има остварено многу значајни и успешни улоги за коишто добива многу значајни награди и признанија. Едно од неговите најголеми достигнувања беше глумата во филмот “ЦРНО СЕМЕ”, со којашто ја збогатил својата глума со нови изразни средства и бил добитник на наградата “Златна Арена” на фестивал во Пула. Дамески е активен во полето на глумецстовото сè до неговата смрт. Тој починал 1983 година во Скопје.

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1952 Фросина ТВ-филм
1955 Волчја ноќ ТВ-филм Давениот војник
1958 Мис Стон ТВ-филм Алексо
1959 Виза на злото ТВ-филм
1960 Ҝапетан Леши ТВ-филм Скендер
1961 Мирно лето ТВ-филм Дарко левучарот
1961 Солунските атентатори ТВ-филм Илија Трчков
1962 Обрачун ТВ-филм
1964 Ароматично злато ТВ-филм
1964 Под исто небо ТВ-филм
1965 Денови на искушение ТВ-филм Методи
1966 До победата и по неа ТВ-филм
1967 Лифт горе, лифт долу ТВ-филм
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм
1968 Планината на гневот ТВ-филм
1968 Ука и Бјескеве те немура ТВ-филм Бечир Ага
1968 Споменик ТВ-филм
1968 Брат доктор Хомер ТВ-филм
1969 Време без војна ТВ-филм Лазар
1969 Итрата вдовица ТВ-филм
1969 Враќање од рајот ТВ-филм
1970 Цената на градот ТВ-филм
1970 Александра ТВ-филм
1971 Жед ТВ-филм Игнат
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм Тодор Ангелов Даскалот
1971 Црно семе ТВ-филм Андон Савичанов
1971 Пречек ТВ-филм Живко
1971 Земјаци ТВ-филм
1972 Истрел ТВ-филм
1973 Залез над езерска земја ТВ-серија Манитат
1973 Со ТВ-филм Никола
1975 Јад ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1975 Илинка ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Секула
1976 Сослушување на железничарот ТВ-филм Началник дучев
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм
1977 Вапцаров ТВ-филм Никола Јанков
1979 Курирот на Гоце ТВ-серија Гоце Делчев
1979 Наши години ТВ-серија
1980 Оловна бригада ТВ-филм Благоја
1981 Доротеј ТВ-филм Лаус
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија Екрем

Кратка содржина на некои од филмовите

уреди

Волчја ноќ

уреди

Овој филм е снимен 1955 година и е во времетраење од 83 минути.Тој е снимен во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Волчја ноќ е филм од воен жанр од родот на играни филмови.Имено се опишува една ноќ на македонските партизани кои биле во некој планински предел на Македонија под бугарска окупација.Многумина од нив загинуваат во престрелките кои се водат таму, но некои сепак успеваат да преживеат и да им помогнат на другите партизани.Овој филм има освоено две награди.И двете награди ги има освоено во Пула во 1955 година, и тоа Сребрена арена за филм и Златна арена за сценарио на Славко Јаневски.

Мис Стон

уреди

Овој филм е снимен 1958 година и е во времетраење од 97 минути, снимен во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Филмот е од историски жанр од родот на играни филмови.Елен Стон е Американка која е тргната во мисионерска мисија во Солун.Нејзе ја грабнуваат македонските комити и бараат откуп од турската влада.Таа во почетокот се противи но откако согледува какви злодела прават турските аскери застанува на страната на комити.Овој филм има освоено три награди во Пула, Златна арена за главна машка улога, златна арена за главна женска улога и златна арена за сценографија.Исто така има освоено и две почесни дипломи.Едната во Еднибург, а другата во Њу Делхи.

Виза на злото

уреди

Филм снимен 1959 година, во времетраење од 89 минути исто така во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Овој филм е од криминалистички жанр од родот на играни филмови.Симон е млад човек кој решил на нелегален пат да се збогати, шверцувајќи дрога.Се разбира поради тоа негово непромислено дело имал несогледливи последици и бил гонет од власти на законот.

Македонска крвава свадба

уреди

Овој филм е снимен 1967 година во вајдскрин техника со времетраење од 102 минути, во производство на Вардар филм-Скопје.Тој е филм од историски жанр и му припања на родот играни филмови.Во овој филм се разкажува како еден турски бег ја грабнува Цвета и ја води во неговиот харем.За да ја ослободат на Цвета нејзините соселани и некулку дипломатски претставници вложиле напор за нејзино ослободување.Тој нивни труд бил успешен.Тие успеале да ја ослободат на Цвета.Но на денот на нејзината свадба со нејзиниот сакан, Спасе бегот доаѓа со неговите војници и почнуваат пукотници на сите страни.Цвета гине, а Спасе г6о убива бегот и заминува во комити.Овој филм има освоено златна ар4ена за сценографија во Пула и златна плакета со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР.

Исправи се, Делфина

уреди

Филм од 1977 година, во времетраење од 101 минута, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм-Скопје.Тој припања на жанрот психолошки филмови, од родот на играни филмови.Делфина е многу добра пливачка.Таа е решена да ги совлада сите тешкотии и препреки кои ќе и застанат на нејзиниот пат до целта.Нејзината цел е да истрае во совладувањето на водите на канал Ламанш.Односно таа сака да го преплива истиот канал.Таа поради нејзините крајно исцрпувачки напори со последни сили успева да го преплива Ламанш и да се исправи на нозе.Така таа ја оставирила својата најголема цел и го постигнала невозможното.Овој филм има освоено многу награди.Како позначајни можат да се издвојат бронзената арена во Пула, наградата за главна женска улога исто така доделена во Пула и др.

Црно Семе

уреди

Филм снимен 1971 година, во времетраење од 89 минути, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм-Скопје.Филмот Црно семе припаѓа на родот на играни филмови од историски жанр.За време на Граѓанската војна во Грција, во 1946 година, припадниците на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров.Понатаму тие се соочуваат со многу проблеми и морални падови, пред кои некои од нив попуштаат.Овој филм е посебно важен за глумецот Дамески, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди.Филмот Црно семе има добиено многу награди, од кои вреди да се споменат наградата златна арена за режија, златна арена за најдобра машка улога, златен венец за најдобро дебитанско остварување доделени во Пула, 1971 година.Се разбира Црно семе има добиено и уште многу други награди, кои нема да ги споменеме во оваа пригода.

Останати филмови

уреди

Дамески како одличен глумец има глумено и во неколку немакедонски филмови кои се снимени во нашите соседни земји.Некои од нив се следниве филмови: “ВОЛКОТ ОД ПРОКЛЕТИЕ” (UKA I BJESHKAVE TE NEMUNA) снимен во 1968 година во Приштина, потоа филмот “СОЛ” (SO) снимен во 1973 година во Сарајево, и филмот “ДОРОТЕЈ” (DOROTEJ) снимен во 1981 година во Белград.Сите овие филмови се од жанрот на играни филмови.

Награди

уреди

Како еден од македонските врвни глумци Дамески има освоено неколку позначајни награди и многу признанија.Од нив како позначајни можат да се издвојат специјалната награда за филмот “Планината на гневот” која ја има добиено во 1967 година во Ниш.Како и наградата која претставува врв на неговиот филмски успев, наградата Златна арена која му била доделена на фестивал во Пула во 1971 година.Потоа наградата Голема повелба за главна улога која му била доделена истата година за истиот филм во Ниш.Како и Републичката награда 11 Октомври која му била доделена во 1972 година повторно за филмот “Црно Семе”.Се разбира има и многу други награди и признанија кои Дамески ги има освоено а кои нема да ги спомене.

Надворешни врски

уреди