Јордан Плевнешмакедонски драмски писател и дипломат.

Јордан Плевнеш
Роден 29 октомври 1953
Македонија Слоештица
Роднини Љубе Цветановски (брат)
Владо Цветановски (брат)
Деца Константин и Илија

Животопис

уреди

Роден е на 29 октомври 1953 година како второ дете (постариот брат Љубе е роден 1949, а помладиот Владо 1959) во семејството на Симе Цветановски – Плевнеш, сирак, дрвар и борец меѓу Солунскиот и Сремскиот фронт и Трајанка Николова Кочовска, ткајачка, везачка и месачка во село Слоештица, Демирхисарско. По мајчина линија потомок е на Илија Кочовски, надалеку прочуен народен раскажувач кој не знаел да пишува но оставил десет усни томови во институтот за фолклор во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Институтот за македонска книжевност, како уредник на „Мисла“, предавал творечко пишување на повеќе европски и американски универзитети и бил амбасадор на Република Македонија во Франција.[1]

Добитник е на повеќе награди и признанија: награда на весникот „Студенски збор“, на 23 МЕС во Сараево награда за најдобар драмски текст, вонредна награда на Стерииното позорје и др.

Кон крајот на 2013 г., обновениот објект на Македонскиот народен театар се отвори со премиера на неговата драма „Вечната куќа“ во режија на Дејан Пројковски.[2] Женет е со Лилјана, со која ги имаат синовите Константин и Илија.

Објавени книги

уреди
  • „Еригон“ (драма)
  • „Мацедонише цуштенде“ (драма)
  • „Југословенска антитеза“ (драма)
  • „Подземна Република“ (драма)
  • „Безбог“ (драма)
  • „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма)
  • „Р“ (драма)
  • Вечната куќа“ (драма)

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 204.
  2. МНТ утре почнува со работа во новиот објект, премиера на „Вечната куќа“ Архивирано на 9 декември 2013 г. — Курир