Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 - Скопје, 16 ноември 1995) — истакнат македонски глумец во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Сам по себе претставува вистинска легенда и зазема голем удел во македонското глумиште во XX век.

Петре Прличко
Роден 13 март 1907
Велес, Солунски Вилает, Отоманска Империја
Починал 16 ноември 1995(1995-11-16) (возр. 88)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Мис Стон
Фросина
Волчја ноќ
Денови на искушение
Републиката во пламен
Илинден
До победата и по неа
Македонска крвава свадба
Време, води
До-ре-ми
Црно семе
Занимање глумец
Сопружник Нада Прличкова
Роднини Игор Џамбазов (внук)
Деца Анче Џамбазова
Прличко во улога на Мандана во филмот „Мис Стон“.
Споменик на Петре Прличко во Велес.
Споменик на Петре Прличко крај МНТ во Скопје.

И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар „Боем“.

Од 1939 година, тој членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 година, тој бил во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснал во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснал во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробувал својот талент и како театарски режисер.

Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични преобразби и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши глумци. Тој се смета за еден од најангажираните и нај познати македонски филмски и театарски глумци, заедно со: Илија Џувалековски, Кирил Ќортошев, Тодор Николовски, Ристо Шишков и Илија Милчин.

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: „АВНОЈ“, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, „Војдан Чернодрински“ (за животно дело), Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров), и други.

Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја добил и наградата „Златна арена“.

Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која е доделувана на глумец од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.

Во 2004 година, Јелена Лужина објавила монографија за Петре Прличко, во издание на „Магор“.

Филмографија

уреди

Прличко има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1940-ти
1949 Мајка Катина ТВ-филм Ловет
1950-ти
1952 Фросина ТВ-филм Кузман
1953 Циганка ТВ-филм
1955 Волчја ноќ ТВ-филм Паун
1958 Мис Стон ТВ-филм Мандана
1959 Виза на злото ТВ-филм Кузман
1960-ти
1960 Капетанот Леши ТВ-филм Сок
1961 Мирно лето ТВ-серија Стрико Тале
1961 Парче плаво небо ТВ-филм Дедо Филип
1961 Солунските атентатори ТВ-филм Никола Попов
1961 Твојот роденден ТВ-филм Домарот
1962 Пресметка ТВ-филм
1962 Обрачун ТВ-филм Сок
1962 Ла степпа ТВ-филм Слиопка
1963 Невестинска пушка ТВ-филм Петар
1964 Народен пратеник ТВ-филм Јеврем Прокиќ
1964 Марш на Дрину ТВ-филм Трајко
1965 Не се враќај по истиот пат ТВ-филм Кирил
1965 Денови на искушение ТВ-филм Фезлиев
1966 Кога бев мал ТВ-серија
1966 До победата и по неа ТВ-филм Диме
1966 Крчмите ТВ-филм
1967 Згодба ки је ни ТВ-филм Циган
1967 Каде по дождот ТВ-филм
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм Мојсо
1967 Мементо ТВ-филм Коле
1967 Латови кој се памети ТВ-филм Старец
1968 Планината на гневот ТВ-филм Моне
1968 Нешто темно и тешко ТВ-филм
1968 Братот на доктор Хомер ТВ-филм Лекарот
1969 Антица ТВ-филм
1969 Волшебниот воз ТВ-филм
1969 Свекник ТВ-филм
1969 Републиката во пламен ТВ-филм Дојчин
1970-ти
1970 Мртва стража ТВ-филм
1970 Жорж Данден ТВ-филм
1970 Балада за орканата ТВ-филм
1970 Слики на дрво ТВ-филм
1971 Жед ТВ-филм Дедото
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Лоце
1971 Црно семе ТВ-филм
1971 Балада о свирепом ТВ-филм Милун
1972 Палтото ТВ-филм
1973 Новогодишен карусел ТВ-филм Врапче
1973 Бела кошула ТВ-филм Тале
1973 Залез над езерска земја ТВ-филм Глигориј
1975 Бел памук, црвено предило ТВ-филм
1975 Шути и рогати ТВ-серија
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1976 Капетанот Микула Мали ТВ-филм Дида
1976 Ужичка Република ТВ-филм Пекарот
1976 Сослушување на железничарот ТВ-филм Стариот железничар
1978 Златни години ТВ-серија Берберот
1978 Курирот на Гоце ТВ-серија
1979 Хихирику Радио-емисија
1979 Наши години ТВ-серија
1980-ти
1980 Време, води ТВ-филм Ламбе Футак
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1981 Булки крај шините ТВ-серија Чичко Ставре
1981 Милион маченици ТВ-филм
1981 Стијче ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија Дедото на Владимир
1983 Дани Авноја ТВ-серија Стар Македонец
1984 Комедијанти ТВ-серија Суфлерот Војо
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1984 Хихирику - 5 години ТВ-филм
1985 Сомнително лице ТВ-филм Јеротије Панчич
1986 Роза мајка на бисер ТВ-серија
1987 Трето доба ТВ-филм Војо
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм Дедото
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм Арсо
1987 Народни трибуни ТВ-серија
1988 Вечерна ѕвона ТВ-серија Росин Дедо
1988 ТВ Театар ТВ-серија
1988 Тврдокорни ТВ-серија
1990-ти
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Дедо Коле
1990-1992 Еурека ТВ-серија
1992 Време, живот ТВ-филм Војо
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Курт Шварцвасер

Награди

уреди
  • 1959 Пула — „Златна арена“ за главна машка улога во филмот „Мис Стон
  • 1988 Прилеп — Награда „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
  • 1991 Ниш — Награда „Славица“ за животно дело.

Наводи

уреди
  1. „Petre Prlicko“. IMDb. Посетено на 29 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди