Предлошка:Ноември 2024 15 ноември — 319-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (320-и во престапна година). Остануваат 46 денови до крајот на годината.

Настани:

1492  Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1577  Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка.
1920  Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1944  Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1988  Палестина е прогласена за независна држава.
1994  Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995  Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.
2001  Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
2002  Заврши пописот на населението.
2003  Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.
2004  Премиерот Хари Костов поднесе оставка.
2012  Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.
2022  Според проценката на ООН, светското население достигнало 8 милијарди.

Родени:

1316  Јован Iкрал на Франција.
1397  Никола Vримски папа.
1738  Вилијам Хершел — англиски астроном.
1741  Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф.
1862  Герхарт Хауптман — германски драматург.
1891  Ервин Ромел — позна и како „Пустинска лисица“, германски фелд-маршал (п. 1944.)
1895  Олга Николаевна — ќерка на царот Николај II.
1912  Кирил Пенушлиски — македонски фолклорист.
1918  Адолфо Педернера — аргентински фудбалер.
1922  Џорџо Манганели — италијански писател.
1927  Џемаил Вејсели — македонски политичар.
1937  Јафет Кото — американски глумец.
1954  Александар Квашневски — претседател на Полска.
1954  Тони Томпсон — американски поп-музичар.
1955  Илдико Ењеди — унгарска режисерка.
1956  Златко Крањчар — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1958  Јасмин Џеко — југословенски и босански фудбалер.
1968  Ол Дрти Бастард — американски рапер и музички продуцент.
1979  Брет Ланкастер — австралиски велосипедист.
1983  Александар Павловиќ — српски кошаркар.
1983  Фернандо Вердаско — шпански тенисер.
1983  Иманол Ервити — шпански велосипедист.
1984  Катарина Булатовиќ — црногорска ракометарка.
1987  Леополд Кениг — холандски велосипедист.
1989  Сташ Скубе — словенечки ракометар.
1993  Пауло Дибала — аргентински фудбалер.

Починале:

1028  Константин VIIIвизантиски цар.
1280  Свети Алберт Велики — доминикански епископ.
1630  Јохан Кеплер — германски астрономматематичар и физичар.
1670  Јан Амос Коменски — чешки образовен и верски водач.
1787  Кристоф Вилибалд Глук — германски композитор и диригент.
1802  Џорџ Ромнианглиски сликар-портретист.
1808  Мустафа IVотомански султан.
1832  Жан Батист Сеј — француски економист.
1916  Хенрик Шенкевич — полски писател и новинар, добитник на Нобеловата награда.
1976  Жан Габен — француски филмски и театарски глумец.
1983  Таки Хрисик — македонски композитор и музички педагог.
1993  Лучано Леџосицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо.
2009  Павле — српски патријарх.
2012  Владимир Ангеловски — македонски глумец.
2020  Иван Кожариќ — хрватски вајар.
2023  Жарко Лаушевиќ — југословенски и српски глумец.