Благоја Чоревски
Благоја Чоревски (Велес, 9 септември 1947) — македонски глумец и режисер, општественик и државник. Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска[1]. Неговиот брат Борис Чоревски е познат битолски глумец[1].
Благоја Чоревски | ||
![]() | ||
Роден | 9 септември 1947. Велес, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улога во: Пресуда Викенд на мртовци Време, води Преспав Балкан бенд Хихирику Исправи се, Делфина Битолски лакрдии Тетовирање Вистинска љубов | |
Занимање | глумец режисер | |
Татко | Трајко Чоревски | |
Мајка | Ратка Чоревска | |
Роднини | Борис Чоревски (брат) Илина Чоревска (внука) |
Животопис уреди
Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008[2]. Бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз[3].
Филмографија уреди
Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ.
Година | Филм | Улога | |
1960-ти ▲ | |||
1969 | Волшебниот воз ТВ-серија | ||
1970-ти ▲ | |||
1972 | Табакерата ТВ-филм | Сулејман бег | |
1973 | Новогодишен карусел ТВ-филм | ||
1975 | Сребрено јаболко ТВ-филм | ||
1975 | Илинка ТВ-филм | ||
1975-1976 | Патот кон иднината ТВ-серија | ||
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Толе | |
1977 | Големата соба ТВ-филм | Бранко | |
1977 | Исправи се, Делфина ТВ-филм | ТВ Новинар | |
1977 | Пресуда ТВ-филм | Командант | |
1979 | Хихирику Радио-емисија | ||
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | Мино | |
1980-ти▲ | |||
1980 | Учителот ТВ-филм | ||
1980 | Време, води ТВ-филм | Кузе | |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | Владо | |
1982 | Илинден ТВ-серија | Сулејман | |
1983 | Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм | Клименте | |
1983 | Премиера ТВ-филм | ||
1984 | Исчекување ТВ-филм | Ристе | |
1984 | Хихирику - 5 години ТВ-филм | ||
1984 | Лет во место ТВ-филм | Евто | |
1984 | Камчевци ТВ-серија | ||
1984 | Белото циганче ТВ-серија | ||
1984 | Комедијанти ТВ-серија | Трагичарот | |
1984 | Диво месо ТВ-филм | Стефан | |
1985 | Другар на патот ТВ-филм | ||
1985 | Дупло дно ТВ-филм | Нове | |
1985 | Ајде да се дружиме ТВ-серија | Баже | |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | ||
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | ||
1987 | Пикасо ТВ-филм | ||
1987 | Случки од животот ТВ-серија | ||
1988 | Чук чук Стојанче ТВ-серија | ||
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Кирца | |
1988-1990 | Еурека ТВ-серија | Кардинал Балермино | |
1990-ти▲ | |||
1990 | ДО РЕ МИ ТВ-серија | Васе | |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | Брчка | |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Маргус | |
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-филм | Чаки Панкерот | |
1990 | Викенд на мртовци ТВ-филм | Кирца | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Батко доктор | |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | Лакан | |
1991 | Женски оркестар ТВ-филм | Благојка | |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Гене | |
1992 | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | ||
1996 | Самоуништување | Славчо | |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | Богдан | |
1999 | Хихирику ТВ-серија | ||
2000-ти▲ | |||
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | Ведран | |
2003 | Битолски лакрдии ТВ-серија | ||
2004 | Хихирику ТВ-серија | ||
2005 | Крчма на патот кон Европа ТВ-филм | Бержерак | |
2006 | Пусто турско ТВ-филм | ||
2008 | Куќен совет ТВ-серија | ||
2009 | Ветар низ тополите ТВ-серија | ||
2009 | Балкан бенд ТВ-серија | Благојка | |
2010-ти▲ | |||
2016 | Вистинска љубов ТВ-филм | Васо Пинго | |
2016 | Операција Дијамант ТВ-серија | Мистер Џон | |
2016-2020 | Преспав ТВ-серија | Генади | |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм | Анести | |
2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Извршителот | |
2019 | Врба ТВ-филм | Манчо | |
2020-ти▲ | |||
2020 | Дајте музика ТВ-серија | Дедо Баже | |
2021 | Кино Љубов ТВ-филм | проф. Ѓулев | |
2022 | Лена и Владимир ТВ-филм | Ацо | |
2022 | Кајмак ТВ-филм | Мишко | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија |
Награди уреди
Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:
- Златен ловоров венец на Малите и експерименталните сцени во Сараево во 1976 година,
- Стериината награда во Нови Сад во 1979 година,
- Награда за најдобра епизодна улога на Стерииното позорје,
- Награда за најдобро глумечко остварување на Игрите „Војдан Чернодрински“,
- Најпопуларно ТВ лице според анкетата на весникот „Вечер“,
- Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкетата на ревијата „Екран“ во 1984 година.
- Лауреат и на Највисокото опшстествено признание на Република Македонија, Награда „11 Октомври“.
- Награда Климент Охридски 2004 година
- „Златна маска“ што весникот „Вечер“ ја доделува во рамките на „Охридско лето“ во 2007[4]
- Награда „Петре Прличко“ во 2009 година
- Награда за животно дело Војдан Чернодрински во 2015 година
- Награда Свети Јоаким Осоговски во 2018 година
- Награда Ристо Шишков во 2018 година
- Награда Васил Иљоски во 2022 година
- Награда "13 ноември" во 2023 година
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 „Кон 50-годишнината од смртта на истакнатиот македонски филмски и театарски глумец Трајко Чоревски (1921-1955 )“. Утрински Весник. 2005. Посетено на 2011-01-09.
- ↑ „Благој Чоревски -ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2009-11-19.
- ↑ „Благоја Чоревски премина во Демократскиот сојуз“. Утрински Весник. 23 април 2008. Посетено на 2009-11-19.
- ↑ „„Златна маска" за Соња Михајлова и Благоја Чоревски“. Утрински Весник. 21 август 2007. Посетено на 2009-11-19.
Надворешни врски уреди
- Благоја Чоревски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
„Благоја Чоревски“ на Ризницата ? |