<< февруари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29
2024

21 февруари — 52-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 313 денови до крајот на годината (314 во престапна).

Настани:

1613  Првиот руски владетел од династијата Романови, Михаил Фјодорович, бил прогласен за цар. Со тоа започнала ерата на династијата.
1795  Холандија ѝ го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1848  Објавен е Комунистичкиот манифест, дело на Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
1916  Започнала Битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници.
1925  Излегол првиот број на американското списание „Њујоркер“.
1947  Физичарот Едвард Харвард Ленд од Њујорк ја измислил камерата која веднаш ги развива фотографиите. Подоцна, таа го добила името полароид-камера според фирмата „Полароид“ каде што се произведувала.
1972  Ричард Никсон, допатувал во Пекинг, со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. Тоа било првата посета на еден американски претседател на Кина.
1986  Излегол албумот на американската хеви-метал група „Металика“ насловен како „Господар на куклите (Master of Puppets)“.
1992  Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.
1999  Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна.

Родени:

1728  Петар III — руски цар.
1795  Франческо Маноел да Силва — бразилски композитор.
1866  Аугуст фон Васерман — германски бактериолог.
1880  Георги Казепов — македонски револуционер.
1893  Андре Сеговија — шпански гитарист.
1895  Милан Кашанин — српски и југословенски писател, ликовен критичар и историчар на уметноста.
1903  Рејмон Кено — француски писател.
1924  Роберт Габриел Мугабезимбабвеански револуционер и политичар.
1925  Сем Пекинпо — американски филмски режисер.
1933  Нина Симон — американска пејачка.
1943  Људмила Улицка — руска писателка.
1949  Џери Харисон — американски рок-музичар, член на групите „Модерн лаверс“ и „Токинг хедс“.
1951  Мухамед Халили — македонски политичар.
1956  Ха Ѓин — кинеско-американски писател.
1960  Стив Вин — американски рок-музичар, член на групата „Дрим синдикејт“.
1967  Лирој Барел — американски атлетичар.
1969  Петра Кронбергер — австриска скијачка.
1974  Иван Кампо — шпански фудбалер.
1980  Џигме Кесар Намѓел Вангчуккрал на Бутан.
1984  Андреас Сепи — италијански тенисер.
1985  Мартин Велитс — словачки велосипедист.
1985  Петер Велитс — словачки велосипедист.
1985  Кристијан Мајер — канадски велосипедист.
1989  Корбин Блу — американски глумец.
1990  Даниел Дидави — германски фудбалер.
1991  Ријад Марез — алжирски фудбалер.
1992  Фил Џонс — англиски фудбалер.

Починале:

1575  Клаудија Валоа — француска принцеза.
1513  Јулиј IIримски папа.
1677  Барух Спиноза — холандски филозоф.
1730  Бенедикт XIII — римски папа.
1965  Малколм Икс — водач на црнечките националисти во САД.
1984  Михаил Шолохов — руски и советски писател.
1991  Маргот Фонтејн — англиска балерина.
2004  Џон Чарлс — велшки фудбалер.
2015  Кларк Тери — американски џез-музичар.
2022  Драги Михајловски — македонски писател, универзитетски професор и преведувач.

Празници:

Меѓународен ден на мајчиниот јазик (УНЕСКО)