Стојна Костовска

македонска глумица

Стојна Костовска (Крива Паланка, 31 март 1954) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Стојна Костовска
Родена 31 март 1954(1954-03-31)(70 г.)
Крива Паланка, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогите во:
Македонски народни приказни
Хихирику
Турни ме да Кинисам
Курирот на Гоце
Големи и мали
Преспав
Занимање глумица

Животопис

уреди

Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 година во Крива Паланка. Дипломирала на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за глумечка игра во 1978 година. Од 1980 година до нејзиното пензионирање во 2022 година, работела во Македонскиот народен театар — Скопје. Таа живее во Лисиче, Општина Аеродром.

 
Костовска во 2022 година.

Филмографија

уреди

Костовска ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1978 Курирот на Гоце ТВ-серија Елена
1979 Томе од бензинската пумпа ТВ-филм
1980 Двојка ТВ-филм
1981 Првите цутови ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија
1984 Исповед на таксистот ТВ-филм
1984 Хихирику - 5 години ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1984 Другарувања ТВ-серија Вера
1985 Легенди и преданија ТВ-серија
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм Стојанка
1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987 Ѕвездите од 42-та ТВ-филм
1987 Македонски балади ТВ-серија
1988 Втора смена ТВ-серија Мајка на Симона
1988-1993 Македонски народни приказни ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Комшиката
1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Сирма
1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм Келнерка
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1994-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1998 Денес утре ТВ-филм Секретарката
1999 Хихирику - 20 години ТВ-серија
2000 Големи и мали ТВ-серија Важната
2000 Погрешно време ТВ-серија Кате
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2001 Агенција Осамени срца ТВ-серија Бела
2004 Хихирику ТВ-серија
2005 Обични луѓе ТВ-серија Мими
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009-2010 Село гори, баба се чешла ТВ-серија Вики
2010-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија
2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија Вера
2015 Цимери ТВ-серија Докторка
2017 Македонски народни приказни ТВ-серија Селанка
2019-2020 Дајте музика ТВ-серија Тетка Ленче
2021-2022 Преспав ТВ-серија Тетката на Томе
2023-2024 Македонски народни приказни ТВ-серија

Награди

уреди
  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Стојанка во претставата „Чорбаџи Теодос“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1987)
  • Награда за ТВ лице на годината, според анкетата на „Екран“ од емисијата „Хихирику“ (2004)
  • Награда „Васил Иљоски“ (2021)

Наводи

уреди
  1. „Stojna Kostovska“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди