Катерина Шехтанска

македонска глумица

Катерина Шехтанска - Лаковски (Скопје, 19 август 1980[1]) ― македонска глумица, водителка и балерина.[2] Била членка на балетското студио „Ребис“. Живее во Скопје, каде е мажена и е мајка на две деца. Ќерка е на познатиот македонски глумец Александар Шехтански.

Катерина Шехтанска - Лаковски
Родена Катерина Шехтанска
19 август 1980(1980-08-19)(44 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогите во:
Македонски народни приказни
Како убив светец
Дајте музика
Бардо
Занимање глумица
Татко Александар Шехтански

Филмографија

уреди

Шехтанска има глумено и во неколку македонски народни приказни.[3] Има настапено во споредна улога во филмот „Како убив светец“, снимен во 2004 година.

Година Филм Улога
1997 Македонски народни приказни ТВ-серија Девојчето
2003 Седум приказни, за љубовта и свршувањето ТВ-серија Танчерката
2004 Како убив светец ТВ-филм
2005 Бал-кан-кан ТВ-филм Убава танчерка
2006 Самитот на шаманите ТВ-филм
2008 Куќен совет ТВ-серија
2008-2010 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010-2011 Народни приказни ТВ-серија
2011 Образ ТВ-филм
2012 Бардо ТВ-филм Младата девојка
2012-2013 Македонски приказни ТВ-серија
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија Ленка
2014 Приказни од животот ТВ-серија Вики
2015 Збор ТВ-филм Тони
2014-2016 Македонски стари приказни ТВ-серија
2016 Операција Дијамант ТВ-серија Мирослава
2021-2022 Дајте музика ТВ-серија Мајката
2022-2024 Македонски народни приказни ТВ-серија
2022 Ручек ТВ-филм Гостинка 4
2022 Куќен притвор ТВ-серија Жена 2
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Наводи

уреди
  1. Катерина Шехтанска-Лаковски, Драмски театар - Скопје.
  2. „Што прават денеска -Катерина Шехтанска - Лаковски - глумица“. Утрински Весник. Посетено на 2010-05-12.[мртва врска]
  3. „Katerina Sehtanska“ (англиски). IMDb. Посетено на 2010-05-12.

Надворешни врски

уреди