Блаже Миневски
Блаже Миневски (роден 1961 год. во Гевгелија) — македонски раскажувач, романсиер и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.[1] Моментално пишува за весникот „Денешен“.
Блаже Миневски | |
---|---|
Роден(а) | 1961 Гевгелија |
Националност | Македонец |
Занимање | Новинар |
Страница www.denesen.mk |
Книжевно творештво
уредиМиневски е автор на следниве дела:
- „Солзи во очите на тате“ (раскази, 1984)
- „Ниски вежби“ (раскази, 1988)
- „Црниот пердув“ (роман, 1990)
- „Заседи за белиот сон“ (раскази, 1992)
- „Ледно око“ (раскази, 1996)
- „Балкан за деца“ (роман, 1996)
- „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (роман, 1998)
- „Сезона на глуварките“ (раскази, 2001)
- „Приказна за третиот“ (роман, 2003)
- „Нишан“ (роман, 2007)
- „Црна лисица“ (роман, 2012)
- „Ако се родат некакви чувства“ (роман, 2023)
Исто така, Миневски е автор на драмите: „Крик“, изведена во 1991 година; „Лулка“, изведена во 1992 година; „Женски прилог за ноќта“, изведена во 1993 година; „Подготовки за добра смрт“, изведена во 1994 година; „Немушт јазик“, изведена во 2000 година. Сите драми на Блаже Миневски се објавени во книгата со наслов „Бивши луѓе“ (2000).
Награди и признанија
уредиМиневски е добитник на високи новинарски признанија: наградата „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија (двапати) и двапати прва награда за репортажа на „Нова Македонија“. Исто така, тој е добитник на книжевните награди: „Рациново признание“, „Стале Попов“, „Роман на годината“ и повеќе награди за расказ.
Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик.
Врз основа на податоците од регистрираните позајмувања на книги во 26 јавни библиотеки во Македонија, Миневски бил најчитан писател во 2013 година.[2]
Наводи
уреди