Драгутин Аврамовски
македонски сликар
Драгутин Аврамовски-Гуте (11 март 1931 во Куманово — 12 септември 1986 во Скопје) — истакнат македонски академски сликар и графичар.[1]
Драгутин Аврамовски | ||
Роден | Драгутин Аврамовски 11 март 1931 Куманово, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 12 септември 1986 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 55)|
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар, графичар, сценограф и професор |
Тој бил еден од првите македонски апстрактни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимавал и со сценографија и со илустрација.
Животопис
уредиДипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб во 1955 година. Имал ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност во Скопје во 2002 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Аврамовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 8. Text "series " ignored (help)