Игор Стојчевски
македонски актер
Игор Стојчевски (роден на 21 септември 1978 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Игор Стојчевски | ||
Роден | 21 септември 1978 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Илузија Трето полувреме Преспав | |
Занимање | глумец |
Животопис
уредиИгор Стојчевски дипломирал глумечка игра на Факултет за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Кирил Ристоски (2002). По дипломирањето работел на истиот факултет, како асистент по предметот „Сценски движења и танци“. Во 2009 година решил да ја напушти педагогијата и да се фокусира на театарски и на филмски проекти. Член е на ансамблот на Драмскиот театар во Скопје.
Театарски улоги
уреди- „Франкенштајн“, Драмски театар - Скопје (2017) - Чудовиштето
- „Буре Барут“, Драмски театар - Скопје (2016)
- „Јов“, Драмски театар - Скопје (2016) - Јов
- „Еригон“, Драмски театар - Скопје (2015) - Еригон
- „Чолак“, Драмски театар - Скопје (2015) - Мики
- „Човекот кој го изеде светот”, Драмски театар - Скопје (2014) - ХХХХ
- „Македонска крвава свадба”, Драмски театар - Скопје (2012) - Дуко
- „Вртелешка”, Драмски театар - Скопје (2012) - Грофот
- „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?”, МНТ (2012) - Ник
- „Ромео и Џулиета”, МНТ (2011) - Џулиета
- „Крвта не е вода”, Драмски театар - Скопје (2011) - Павел
- „Олово на перница”, Драмски театар - Скопје (2011) - Црвче
- „Темпирана опера”, МНТ (2010)
- „Норвешка денес”, Драмски театар - Скопје (2010)
- „Хамлет”, Драмски театар - Скопје (2010) - Лаерт
- „Троил и Кресида”, МНТ (2010) - Парис
- „Ангели во Америка”, Драмски театар - Скопје (2009) - Прајор
- „Македонски рулет”, Драмски театар - Скопје (2007) - Јане
- „Една вечер со учените жени на Молиер”, МНТ (2006) - Клитандар
- „Ладало”, Драмски театар - Скопје (2006) - Ристе заб
- „Црнила”, Народен театар - Штип (2004) - Фезлиев
- „Доле влада”, МНТ (2004) - Иван
- „Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид”, Драмски театар - Скопје (2004) - Дон Лизардо
- „Последниот ден на Мисирков”, Драмска продукција на Универзална сала (2003)
- „Лонг плеј”, Народен театар - Куманово (2003)
- „Антигона”, Народен театар - Битола (2003) - Хемон
- „Јонадаб”, Драмски театар - Скопје (2003) - Абсалом, омилениот син на Давид
- „Хомо еректус”, Драмски театар - Скопје (2003)
- „Собрани дела на Вилијам Шекспир”, Драмски театар - Скопје (2002) - Изи
- „Падот на невиноста”, Драмски театар - Скопје (2002) - Максим
Филмски улоги
уреди- "Утре Наутро" (2025) - Петар Поповски
- „Фамилијата Марковски” (2017) - Јане
- „На терапија” (2017) - Симеон
- „Преспав” (2016-2023) - Тони
- "5+ фамилија" (2016) - Режисерот
- "Џган" (2016) - Тони Зенга
- „Збор” (2015) - Вернер
- „Бела ноќ” (2015) - Маноил
- „Соба со пијано” (2013) - Петар
- „Трето полувреме” (2012) - Цезар
- „Ова не е американски филм” (2011) - Суви
- "Пилот" (2010) -
- „Американецот” (2006) - Зоко
- „Стрмоглави” (2006) - Шанкер
- „Илузија” (2004) - Дечко на Фани
- "Седум приказни, за љубовта и свршувањето" (2003)
- „Прашина” (2001) - Отомански војник
- "Глушецот" (1999)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Игор Стојчевски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)