Александар Ѓорѓиески
македонски глумец
Александар Ѓорѓиески (Скопје, 7 ноември 1987) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Александар Ѓорѓиески | ||
Роден | 7 ноември 1987 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | глумец |
Животопис
уредиАлександар Ѓорѓиески е роден на 7 ноември 1987 година во Скопје. Дипломирал во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за глумечка игра во класата на Ѓорѓи Јолевски во 2010 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2014 година.[1]
Театрографија
уреди- Средниот — „Отворено море“ од Славомир Мрожек, р. Андреј Цветановски и Ирена Стеријоска;
- Марсел — „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, р. Дејан Пројковски, Драмски театар - Скопје, 2010;
- Главна улога — „Психоза 4.48“ од Сара Кејн, р. Ѓорѓи Јолевски, Театар Квартет и МНТ, 2011;
- Морис — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
- Теодосиј Велики — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
- Розенкранц, Гилдернстерн, дворјанин — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014;
- Нероденото дете - Среќата — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ; 2014;
- Јоко — „Да тргнеме Сењор“ од Ана Ристоска, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2014;
- Орест — „Електра“ од Андри Жолдак, р. Андри Жолдак, МНТ, 2014;
- Леви Матеј — „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, р. Иван Поповски, МНТ, 2015;
- Вториот маж — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
- Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015;
- Снаут — „Соларис“ од Станислав Лем, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2016;
- Алексеј Стаканов — „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, р. Александар Морфов, МНТ, 2016;
- Еснафот — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
- Алек — „Копање“ од Кристијан Винклер, р. Франц Фон Штролхен, МНТ, 2017;
- Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман — „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017;
- Глумец во пензија — „Без галама“ од Мајкл Фрејн, р. Тони Михајловски, МНТ и Брачна игра, 2018;
- „Отело“ од Вилијам Шекспир, р. Нина Николиќ, Перипетија продукција, МНТ и Босанско народно позориште Зеница, 2019.
Филмографија
уреди- Келнерот — „Ова не е американски филм“, р. Сашо Павловски, 2011;
- Црна — „Помеѓу“, р. Владимир Митревски, 2013;
- Прогонувач — „The Case“, р. Ивица Димитријевиќ, 2016;
- Алек — „Перфекционист“ од Оливера и Александар Андоноски, р. Александар Андоноски, краткометражен филм, 2017;
- Алек — „Копање“ од Кристијан Винклер, р. Ивица Димитријевиќ, 2018;
- „Dogs of war“, р. Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, краткометражен филм, 2018.
- Телевизиски серии
- „Народни приказни“, 2010;
- Мишо Развигоров — „Тврдокорни“, р. Миле Грозданоски, 2014.
- Спире — "Куќен притвор", р. Вардан Тозија, 2022.
- Др. Марковиќ — "Бранител", р. Гојко Деспотовиќ, 2023.
Награди
уреди- Награда „Трајко Чоревски“ за млад глумец на 50. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 2015 г., за улогата на Орест во претставата „Електра“, а во режија на Андриј Жолдак.
Наводи
уреди- ↑ „Александар Ѓорѓиески Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски
уреди- Александар Ѓорѓиески на Семрежната филмска база на податоци (англиски)