Владимир Милчин (Скопје, 29 април 1947) — македонски режисер, директор на Факултетот за драмски уметности, поранешен извршен директор на Отворено општество – Македонија (ФИООМ) под покровителство на Џорџ Сорос и поранешен член на претседателството на СДСМ.[1]

Владимир Милчин
Роден 29 април 1947(1947-04-29)(76 г.)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање режисер
Татко Илија Милчин

Животопис уреди

Милчин дипломирал на отсекот за режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, во класата на проф. д-р. Хуго Клајн (1970).

Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија објавила дека Милчин дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ. Според решението, Милчин го користел псевдонимот „Драматург“ во времето кога бил декан на факултетот за драмски уметности.[2]

Театарска кариера уреди

Милчин е основач на алтернативниот театар „Не-театар кактус“ (1964-1970). Заедно со Слободан Унковски ја водел алтернативната група „Театар кај св. Никита Голтарот“ (1970-1972). Исто така, тој бил драматург и режисер во Драмата при Македонскиот народен театар во периодот од 1970 до 1982 година, додека хонорарно водел глумечка класа на отсекот за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје во периодот од 1972-1974 година. Милчин е еден е од основоположниците на Театарската работилница на Филозофскиот факултет (1979-1983). Од 1982 година, тој водел класа за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности.[3].

Селективна театрографија уреди

  • Кактус-коктел бр. 1 (1965);
  • Бла блу (1965);
  • Конференција, како тоа бесконечно звучи;
  • Кактус под чадор (со Слободан Унковски, 1967);
  • Пантаглез (1970);
  • Скици од преданието Каинавелско (1970);
  • Фарса за храбриот Науме (1971);
  • Тесен пат кон далечниот север (1972);
  • Сојка (1975);
  • Славата и смртта на Хоакин Муриета (1976);
  • Соблазна во Шентфлоријанската долина (1976);
  • Големата вода (1977);
  • Обесеник (1979);
  • Хасанагиница (1979);
  • Свечена вечера во погребното претпријатие (1980);
  • Најмалото театарче на светот „Зелената гуска“ (1980);
  • Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинската фарма“ од Џорџ Орвел (1981)
  • Пепелашка во поправен дом (1982);
  • Натемаго на Филозофскиот факултет (1983);
  • Преспански круг со црвена боја (1983);
  • Сцени за шмеќарите (1984);
  • Дожд во Уертомонто (1985);
  • Рамна земја (1985);
  • Калуѓерички тишини (1987);
  • Баал (1987);
  • Спиро Црне (1989);
  • Лонг плеј (1990);
  • Крик (1991);
  • Централен затвор (1992);
  • Лулка (1992);
  • За непознатиот (балет, 1992);
  • Мртви души (1994);
  • Крал Лир (1995);
  • Коските што доаѓаат доцна (1998);
  • Мурлин Мурло (1998);
  • Лудиот Ибрахим (1999);
  • Аудиција (2001);
  • Демони (2001);
  • Искрените (2002);
  • Колку пати ќе умираме (2003);
  • Дервишот и смртта (2003);
  • Марисол (2004);
  • Вишновата градинка (2005);
  • Подемот и падот на Кабарето (2013);
  • Вујко Вања (2024).

На младинската сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје ги поставил претставата „Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор“ (фантазмагорија во два дела), според текстови на Данил Хармс, Франциско Гоја и Антонио Буеро Ваљехо[4] и „Нашиот клас“ на Тадеуш Слобоѓанек.[5]

Награди уреди

  • Награда за најдобра режија на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за претставата „Обесеник“ (Прилеп, 1979);
  • Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата „Свечена вечера во погребното претпријатие“ (1980);
  • Награда на Фестивалот Стериино позорје за најдобра драматизација на романот„ Дервишот и смртта“ (Нови Сад, 1986);
  • Плакета Јурислав Корениќ на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за режија на претставата „Дожд во Уертомонто“ (Сараево, 1986);
  • Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата „Калуѓерички тишини“ (Прилеп, 1987);
  • Награда Јудита за режија на претставата „Клетиот пејач“, Фестивал Сплитско лето (1991);
  • Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата „Коските што доаѓаат доцна“ (Прилеп, 1998);
  • Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата „Лудиот Ибрахим“ (Прилеп, 1999).
  • Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата „Колку пати ќе умираме“ (Прилеп, 2003);
  • Награда од весникот „Нова Македонија“ за претстава во целина на 39.МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Дервишот и смртта“ (Прилеп, 2004);
  • Награда за животно дело Св "Климент Охридски (2018);
  • Награда за животно дело "Војдан Чернодрински" (2019).

Наводи уреди

  1. „И официјално СОРОС и Милчин ги штитат кодошите на СДСМ“. Вечер. Посетено на 14 септември 2012.
  2. „Комисија за верификација на факти - „Решение за Владимир Милчин" (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-12. Посетено на 14 септември 2012.
  3. „Владимир МИЛЧИН - режисер“. Институт за театрологија при ФДУ. Архивирано од изворникот на 2014-03-16. Посетено на 14 септември 2012.
  4. Данил Хармс, Франциско Гоја и Антонио Буеро Ваљехо, „Заспаниот разум раѓа чудовишта, или Денес не напишав ни збор“. Скопје: Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, Младинска сцена.
  5. Тадеуш Слобоѓанек, „Нашиот клас“. Скопје: Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, Младинска сцена.