Македонска опера и балет

Национална опера и балет (крат. НОБ) (англиски: National Opera and Ballet) — државна културна установа на Македонија.:

Национална опера и балет
КратенкаМОБ
Основана1947
Видкултурна национална установа
МестоСкопје
Директорм-р Васо Ристов
Вработениоколу 500
Мреж. местоmob.com.mk

Организација и менаџмент уреди

Седиштето на „НОБ“ е на булеварот „Гоце Делчев“ бр. 4, Скопје.

Историја уреди

Оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“, е изведена на 9 мај 1947), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“, е изведена на 27 јануари 1949). И двата ансамбли работеле во рамките на МНТ.[1]

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација со име „Македонска опера и балет (МОБ)“. Во 2018 година, името на МОБ било променето во „Национална опера и балет“ или скратено „НОБ“.[2]

НОБ работел во рамките на МНТ во големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927). МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. Потоа, МНТ работел во привремениот објект „Театар Центар“, а тоа траело до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи НОБ, а за потребите на МНТ повторно била изградена, на истото место и со истиот план, зградата од 1927, урната во земјотресот.

На почетокот, во МОБ биле ангажирани тогашните расположливи професионални кадри, како и членови од аматерските хорски и оркестарски ансамбли. Подемот на операта започнал со доаѓањето на диригентот Ловро Матачиќ, кога биле комплетирани солистичката екипа, оркестарот и хорот и почнала да се реализира разновидна репертоарска политика, со нагласок на т.н. „железен репертоар“. Тоа создало услови, ансамблот на МОБ да гостува низ Југославија, како и во Лоѓ, Нирнберг, Букурешт, Стразбур, Софија, Тирана итн. Како последица на големиот интерес од публиката, во 1972 година бил основан фестивалот „Мајски оперски вечери[3]

Претстави уреди

Опери уреди

Балети уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  2. 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  3. 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  4. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  5. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  6. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
  7. „Змејовата невеста - опера на македонски по десет години“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 20.
  8. „Змејовата невеста одушеви и визуелно и вокално“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 21.
  9. Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 17.
  10. Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 24.
  11. Македонска опера и балет, Програма - декември 2022, Скопје, 2022.
  12. „Самсон и Далила во МОБ“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 18.
  13. Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 27.
  14. Ѓургица Јовановска, „Раскошна уметничка креација на Александра Мијалкова како Клеопатра“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 19.
  15. Македонска опера и балет, Програма - декември 2022, Скопје, 2022.

Надворешни врски уреди