Мите Грозданов
Мите Грозданов (роден на 14 декември 1943 во Струмица - 25 ноември 2018 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Мите Грозданов | ||
![]() | ||
Роден | 14 декември 1943 Струмица, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 25 ноември 2018 Скопје, ![]() | (возр. 74)|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Смилевскиот конгрес Солунски патрдии Среќна нова '49 Колнати сме, Ирина Каца Најдолгиот пат Црно семе | |
Занимање | глумец |
Животопис Уреди
Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.
Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата "Стрниште затвор за жени", во која што главната улога ја игра глумицата Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.
Филмографија Уреди
Грозданов има остварено бројни филмски улоги:[1]
Филмографија на глумецот Мите Грозданов | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1960-ти▲ | |||
1967 | Да видам, да видам што да бидам ТВ мини серија | / | |
1968 | Планината на гневот ТВ-филм | / | |
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | / | |
1969 | Прозорци ТВ-филм | / | |
1969 | Време без војна ТВ-филм | Страјкац (како М. Гроздев) | |
1969 | Книга за Јов ТВ-филм | / | |
1970-ти▲ | |||
1971 | Црно семе ТВ-филм | Марко | |
1972 | Истрел ТВ-филм | / | |
1973 | Залез зад езерската земја ТВ-серија | Несторица | |
1973 | Сутјеска ТВ-филм | Член на врховниот штаб | |
1973 | Колнати сме, Ирина ТВ-филм | / | |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | Никола Карев | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | / | |
1975 | Светецот од Слатина ТВ-филм | / | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | ||
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Улавиот | |
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | Ефтим | |
1979 | Наши години ТВ-серија | Кјуран | |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | / | |
1980-ти▲ | |||
1980 | Време, води ТВ-филм | ||
1980 | Учителот ТВ-филм | / | |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | ||
1982 | Едно лето ТВ-серија | / | |
1982 | Илинден ТВ-серија | / | |
1983 | Ликвидатор ТВ-филм | ||
1984 | Комедијанти ТВ-серија | Џандарот | |
1985 | Ајде да се дружиме ТВ-серија | / | |
1986 | Среќна нова ’49 ТВ-филм | Иследникот | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Јоргос | |
1986 | Климент Охридски ТВ-филм | / | |
1984 1987 | Случки од животот ТВ-серија | Васко | |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | ||
1988 1989 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | Стариот Михаил Шолохов | |
1990-ти▲ | |||
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Адам | |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | Началникот | |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | Доктор | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | ||
1991 | Елелига пепелига ТВ-серија | / | |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | / | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | ||
1994 | Пред дождот ТВ-филм | ||
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | Инспектор Миле | |
1997 | Џипси меџик ТВ-филм | ||
1998-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1999 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1999 | Каца ТВ-филм | Ристе | |
2000-ти▲ | |||
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Пјер | |
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Банката | |
2001 | Прашина ТВ-филм | ||
2002 | Глужд во времето ТВ-филм | / | |
2003 | Волци ТВ-филм | ||
2006 | Мост ТВ-филм | Марко | |
2008 | Куќен совет ТВ-серија | ||
2008 | Народни приказни ТВ-серија | ||
2010-ти▲ | |||
2010 | Народни приказни ТВ-серија | / | |
2014 | До балчак ТВ-филм | ||
2015-2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / | |
2016 | Борба за смрт Краток филм | Милојко | |
2016 | Болка на Душата ТВ-серија | Овчарот | |
2016 | Чудешна средба ТВ-филм | ||
2018 | Година на мајмунот ТВ-филм | Хорист | |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм |
Награди Уреди
- 1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
- Награда „Млад Борец“
- Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
- Награда за најпопуларно ТВ-лице на "Екран"
- Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
- 1984 година бил прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“
- Награда "Ристо Шишков"
- 2010 Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
Наводи Уреди
- ↑ „Mite Grozdanov“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.
Надворешни врски Уреди
- Драмски го испраќа Мите Грозданов во пензија, Утрински весник, број 2869, вторник, 23 декември 2008
- Мите Грозданов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)