Душко Костовски

Душко Костовски (Дебар, 28 мај 1939 - Скопје, 21 јануари 1995) — театарски, филмски и телевизиски глумец.

Професионална кариераУреди

Костовски се школувал во Скопје. За време на студиите членува во Драмската секција при Културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Од 1963 година е член на театарот „Антон Панов“ во Струмица. Во 1970 година доаѓа во Македонскиот народен театар во Скопје. За својот глумечки ангажман има добиено повеќе награди меѓу кои се и Наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 1985 како и Републичката награда „11 Октомври“ во 1986. На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1968 г. ја доби истоимената награда за глумечко остварување. Во 1986 година на Филмскиот фестивал во Пула ја доби „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.[1]

ФилмографијаУреди

НаводиУреди