1541
|
Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франциско Пизаро.
|
1819
|
Патентиран е велосипедот.
|
1941
|
Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија.
|
1945
|
На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации.
|
1948
|
Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР.
|
1948
|
Вилијам Шокли го патентирал транзисторот.
|
1959
|
Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите езера.
|
1960
|
Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност.
|
1963
|
Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“.
|
1976
|
Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот.
|
2000
|
Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени.
|
2015
|
Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава.
|