Емилија Андреева

Емилија Андреева (Прилеп, 18 јули 1955 - Скопје, 29 јуни 2023[1]) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Емилија Андреева
Роден 18 јули 1955
Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ
Починал 29 јуни 2023(2023-06-29) (возр. 67)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумица

Животопис уреди

Емилија Андреева е родена на 18 јули 1955 година во Прилеп. Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски глумци, во 1977 година. Била вработена во Македонскиот народен театар од 1979 година до 2022 година до нејзиното пензионирање.[2]

Театрографија уреди

  • Валерија — „Лов на диви пајки“ од Александар Вампилов, р. Александар Дунаев, МНТ, 1979;
  • Љубената — „Обесеник“ од Борислав Пекиќ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1979;
  • „Вечер на Лундиквист“ од Артур Лундиквист, р. Чедо Камџијаш, МНТ, 1979;
  • Малтескињата Лезли — „Кенгурски скок“ од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1979;
  • Невестата, Гирланда — „Кандид“ од Волтер, р. Владимир Милчин, МНТ, 1980;
  • „По претставата“ од Николај Василевич Гогољ, р. Бранко Ставерев, МНТ, 1981;
  • „Остен“ од Бранко Ставрев, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1981;
  • Јевросима — „Војна и мир во Груда“ од Вељко Радовиќ, р. Благота Ераковиќ, МНТ, 1981;
  • Емилија — „Габи“ од Бранко Варошлија, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1982;
  • Ходел — „Свирач на покрив“ од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ, 1983;
  • Саша — „Иванов“ од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1984;
  • Евгенија Занданска — „Mazedonische Zustände“ од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1984;
  • Трендафила — „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1985;
  • Рипката — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
  • Другарка на Антица — „Антица“ од Ристо Крле, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1988;
  • Нина Заречка — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1990;
  • Госпоѓицата Лујза — „Посета на старата дама“ од Фридрих Диренмат, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1990;
  • „Стилски вежби“ од Рејмон Кено, р. Нелко Нелковски, МНТ,2008;
  • Монодрама "Незавршената приказна", МКЦ, 2009;
  • „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010.

Филмографија уреди

Телевизиски серии

Награди уреди

  • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1984;
  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад глумец за улогата на Евгенија Занданска во претставата „Mazedonische Zustände“, 1984.

Наводи уреди

  1. „Почина актерката Емилија Андреева од МНТ“. 29.6.2023. Посетено на 24 декемвеи 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. Емилија Андреева Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.

Надворешни врски уреди